Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра
ХРОНИКА

Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра

Објавено January 29, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Во вторникот, во 17 часот, во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 64-годишниот М.С., лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека против осомничениот е поведена постапка.

„Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО Битола.

Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, се вели во соопштението, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа.

Синот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот 3 банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија
Следна Статија Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во езерце во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Според полицијата,…

December 24, 2025
ХРОНИКА

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Откопан гробот на Зоки Фаци

Попладнево бил откопан гробот на скоропочинатиот Зоки Фаци. За ова преку својот Фејсбук профил се огласи неговиот пријател Стефан Лазаров,…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?