Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. Даниловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Проф. Даниловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни!
МАКЕДОНИЈА

Проф. Даниловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни!

Објавено October 20, 2024 10:20
Сподели
Сподели

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Даниловски, епидемиолог.

Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша:

По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:

Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“.

Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), .

Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици.

Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување!

Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина.

Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални.

Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина.

Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо.

Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ.

Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена.

Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади).

Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен.

Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали.

Бидете си спокојни!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск дава по 1 милион секој ден на по еден потписник на неговата петиција за поддршка на Трамп
Следна Статија Кривична пријава против 70-годишен маж од Липково за силување на 13-годишно дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Припадниците на БСС и ЕБР ја покажаа синергијата, квалитетот и професионалноста

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници

Темелната истрага со обезбедени доказни материјали од инспекторатите, министерставата и општината, дава надеж дека јавноста за кратко ќе ја дознае…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

На мое задоволство денеска сум дел од еден вака убав настан којшто ќе реши еден проблем што трае, еве, само…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата…

December 16, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?