Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!
ХРОНИКА

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!

Објавено February 1, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Веќе три дена се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал оставка на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.

Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот бил забележан кај селото Марена.

Вчера пак, мобилниот телефон му бил пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема.

-За денес потрагата заврши, имаме доброволци од градот кои се мобилизираа, а исто така и полициските службеници трагаат по Миле. Целата река е проверена, посебно во тој дел каде беше пронајден мобилниот телефон на Миле, ништо не најдовме.

Вчера имаше и куче трагач, но исто така имаше и многу луѓе на местото, па најверојатно се помешаа траговите, кучето не успеа да намириса траг. Ние, семејството на Миле, ги замолуваме сите надлежни институции да дојдат со свои екипи и да ни помогнат во потрагата.

Само полиција и доброволци не се доволно, три дена поминаа! Апелираме до Центарот за управување со кризи, до специјалните единици кои имаат обучени нуркачи во своите тимови, да дојдат со термални камери, да се донесат повеќе дронови, бидејќи сме беспомошни, за ,,Фокус” раскажуваат сестрата и таткото на момчето.

Од СВР Велес потврдуваат дека исчезнатото момче се уште не е пронајдено. Во меѓувреме, семејството освен што апелира за помош од институциите, замолува и за помош од јавноста, доколку некој има било каква информација за случајот, веднаш да се јави во полиција.

Додаваат дека Миле може да биде било каде, и освен во областа каде бил пронајден неговиот мобилен телефон, потребна е опсежна потрага, затоа што можеби тој се наоѓал на некоја сосема друга локација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат тестирани во животот во 2025 година
Следна Статија Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Приведен прилепчанецот кој пукаше од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поради пукање, а врз основа на видео споделено на „Фејсбук“. Од МВР…

April 6, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Шоферот на Заев со лисици на рацете, осомничен за подметнување на пожар

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека ова било доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на…

July 29, 2025
ХРОНИКА

Жител на Богданци починал од повреди по тепачка во Дојран

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка…

November 2, 2025
ХРОНИКА

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар

Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар. Како што…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?