Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации
ХРОНИКА

Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации

Објавено November 8, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.

Најпрво било пронајдено 63-годишно машко лице во близина на скопската обиколница.

„На 07.11.2024 во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Претходно било пронајдено починато лице на кејот на реката Вардар.

„На 07.11.2024 во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“.

Во 13:50 часот, во Карпош пронајдено уште едно починато лице.

„На 07.11.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“
Следна Статија Мицкоски и Клековски на средба со преставници на компанијата Рош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“

Утрово во пикот на сообраќајниот метеж, девојка беше прегазена на пешачки премин кај „Дајмонд“. Девојката лежи на ладниот асфалт и…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Дали Боре Видески бил тепан за да признае за убиството на Вања и Панче?

Сведокот Зоран Петковски, поранешен полицаец и сведок на Љупчо Палевски на денешното сведочењер рече дека бил повикан во СВР Скопје…

February 26, 2025
ХРОНИКА

Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица

Денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Загина 19-годишен мотоциклист по тешка сообраќајна несреќа

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?