Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
БАЛКАН

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ

Објавено November 3, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ.

Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица.

Иван Бјелиќ, активист на групата SviĆe (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест.

Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.

„Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.

Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад.

Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“.

Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група SviĆe, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања
Следна Статија Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат

Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат…

July 21, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Србија и Грузија се случува надградена и проширена Шарена револуција

Шарените револуционери имаат нова тезга. Она што го гледавме во Скопје во 2016 и 2017 година, во Украина за време…

December 2, 2024
БАЛКАН

Зошто САД му ги укинаа санкциите на Додик?

Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки…

October 31, 2025
БАЛКАН

(Видео) Рама на колена ja изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари шал на својата италијанска колешка Џорџа Мелони и и пееше роденденска песна за…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?