Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028
СВЕТ

Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028

Објавено November 29, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во Европската унија.

Илјадници луѓе се собраа во главниот град Тбилиси, откако премиерот Иракли Кобахидзе ја објави одлуката во време на постизборна криза поради која претседателката на земјата го оспори легитимитетот на новоизбраниот парламент и влада.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, ја обвини Владата на премиерот Иракли Кобахиџе дека со таа одлука „објавува војна“ на сопствениот народ, и според западни медиуми, на улиците имало илјадници поддржувачи на членството во Европската унија.

Зурабишвили го поддржува членството, но нејзината функција претседател е церемонијална според Уставот.

Грузија ги прекина пристапните преговори со Европската унија на четири години поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“, изјави вчера премиерот Иракли Кобахидзе.

Тој го објави ова неколку часа откако членовите на неговата партија Грузиски сон го реизбраа за премиер.

Кобахидзе рече дека неговата земја, иако сака да биде примена во Европската унија, „нема да се занимава со отворање на пристапните преговори до крајот на 2028 година“, а дотогаш ќе одбие какви било средства од буџетот на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје утрово е најзагаден град во Европа, и е на високо петто место во светот
Следна Статија „Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бучавата на генераторите во Сан Франциско: Предизвик за заедницата

Жителите на еден град се соочуваат со предизвици по големиот прекин на струјата, истакнувајќи ги влијанијата на привремените решенија

December 28, 2025
СВЕТ

Путин потпиша нов Указ за регрутација – во Украина ќе се испратат уште 135.000 Руси

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември…

September 29, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Страшни сцени од поплавите во Шпанија: Бројот на загинати се искачи на 72

Шпанија се наоѓа во криза по силните поплави кои го зафатија земјата, при што бројот на загинати достигна најмалку 72,…

October 30, 2024
СВЕТ

Tрамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба штом стане претседател

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?