Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал
БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Објавено October 28, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона. Паралелно, во негоавата куќа во Мало Орашје која ја обезбедува полицијата фрлена е запалива течност на тревата, но немаше никаква штета, ниту пак некој беше уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.

Како и на сите претходни рочишта и денеска дојдоа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац.

Освен Урош Блажиќ, кому му се суди за убиство на девет и ранување на 12 лица, обвинет е и неговиот татко Радиша Блажиќ за недозволено поседување оружје, муниција и експлозивни материјали.

Урош Блажиќ ја призна вината и рече дека е подготвен да одговара за стореното дело. При изнесувањето на својата одбрана рече дека нелегално набавил оружје, а неговиот татко, Радиша Блажиќ кој е пензиониран офицер за безбедност, не знаел дека син му го поседува, како и дека не знаел од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

За денешното рочиште имаше распит на вештаци и прикажување на одредени видео снимки, меѓу кои и видеото во телефонот на Урош Блажиќ, облечен како каубој.

Капа на глава, а револвер во рака. Некој од домаќините го снима Радиша Блажиќ, кој арогантно влегува со сончеви очила до елка, а проследено со смеа на сите домашни, па се движи кон друга соба. Потоа се гледа како Радиша Блажиќ вели „Добриот, лошиот и злобниот “, пишува Курир.

Медиумите го наведуваат и сведочењето на д-р Марија Паниќ за психијатриската пороценка на Урош Блажиќ која кажа да „смета дека осомничениот Урош Блажиќ немал причина да го стори кривичното дело, поточно немал психички и психолошки пречки да го стори“.

Ова доаѓа по тврдењата на одбраната дека Блажиќ бил агресивен поради сублементи со високо ниво на тестостерот кои „му го поматиле мозокот“.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко, бидејќи тој не може да биде осуден на доживотен затвор, оти во моментот кога го извршил делото немал 21 година.

Од безбедносни причини, судењето од Смедерево беше преместено во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај 2024 година на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот
Следна Статија Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин, вреден 20 милиони евра

Бугарските гранични служби денес објавија дека успешно заплениле една од најголемите пратки кокаин пронајдени досега во комбе со белгиски регистарски…

July 20, 2025
БАЛКАН

Вооружен грабеж на златарница во Атина: Крадецот бега со Порше и се крие на чудно место (ВИДЕО)

Грчките медиуми јавуваат за апсење на 44-годишен маж, осомничен за грабеж на златарници во Атина. На мрежите се објавени видеа…

November 17, 2024
БАЛКАН

Во Косово убиен полициски началник

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово во близина на границата со…

April 2, 2025
БАЛКАН

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?