Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце
ЕКОНОМИЈА

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

Објавено January 17, 2025 15:37
Сподели
Сподели

Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти.

Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.

Овие два коридори се главен приоритет за оваа влада, бидејќи како држава претставуваме приодна раскрсница на овие два коридори и ова треба да претставува наша предност во споредба со другите држави во регионот, рече премиерот.

Додаде дека наскоро ќе се заврши и втората секција, како и тендерската процедура од третата секција.

Јас сум убеден дека наскоро ќе се заврши и втората секција во рокот кој што е предвиден во договорот. Многу скоро ќе заврши тендерската процедура од третата секција со што ќе бидеме целосно поврзани со нашиот источен сосед, а со тоа ќе бидеме и дел од еден многу важен коридор не само за ЕУ, туку и за НАТО, додаде премиерот.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, што вклучува алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи и лед осветлување.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите
Следна Статија Зетот на Трамп гради луксузен комплекс во центарот на Белград со милијардер од ОАЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава

„Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) презентираше серија предлози за ублажување на притисокот врз цените на нафтата за потрошувачите, вклучувајќи работа…

March 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

Дел од маркетите вчера почнаа да ги намалуваат цените на производите согласно одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?