Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на „црн петок“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на „црн петок“
Blog

Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на „црн петок“

Објавено November 25, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Вработените во Амазон во 20 земји ќе протестираат или штрајкуваат на „црн петок“, на 29 ноември, за да се заложат за поголеми права на работниците и да бараат од Амазон да преземе мерки против ефектите од климатските промени.

Најголемите протести ќе се одржат помеѓу 29 ноември и таканаречениот Сајбер понеделник, 2 декември, кога се очекува голем интерес на клиентите поради бројните попусти, пишува „Гардијан“.

Протестите ќе се одржуваат петта година по ред, во поголемите градови низ САД, Германија, Велика Британија, Турција, Канада, Индија, Јапонија, Бразил и други земји, а негов координатор е организацијата Make Amazon Pay.

Организацијата бара Амазон да ги плаќа своите работници праведно и да го почитува нивното право да се приклучуваат на синдикатите, како и гигантот за е-трговија да го плаќа својот дел од даноците и да се обврзе да инвестира во одржливоста на животната средина.

Претставничката на британскиот синдикат GMD Аманда Гиринг смета дека Амазон во Велика Британија претставува „се што е скршено во тамошната економија“, односно несигурно вработување, плати на работ на сиромаштија и често небезбедни услови за работа, пренесува Танјуг.

Во Германија, илјадници членови на синдикатот Верди ќе штрајкуваат во магацините во Дортмунд, Лајпциг, Кобленц, Грабен, Верн, Бад Херсфелд и Рајнберг.

Во Франција, Здружението за оданочување на финансиски трансакции и граѓанска акција (ATTAC), кое ја промовира даночната правичност, ќе одржи протести во неколку градови.

Немилосрдното стремеж за профит на Амазон им штети на работниците, животната средина и демократијата, изјави генералниот секретар на Глобалниот сојуз на УНИ, Кристи Хофман.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео на атрактивна хрватска фудбалерка собра 25 милиони прегледи
Следна Статија Германија прави попис на бункери и засолништа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Акциите на Волстрит почнаа да паѓаат откако Трамп објави нови царини

Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на Тесла, со пад на цената од речиси 7 отсто, откако извршниот директор на…

July 8, 2025
Blog

Биткоин достигна рекордна вредност над 80 илјади долари

Првпат надминат прагот од 80 илјади долари Денес, Биткоин забележа нов историски максимум, достигнувајќи вредност од 80.047 долари за еден…

November 11, 2024

Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје вчера во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат…

November 3, 2024
Blog

Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија се во неволја

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет на царини…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?