Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица
ХРОНИКА

Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица

Објавено January 20, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица осомничени за трговија со дрога, соопшти Кривичниот суд.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото, соопшти Кривичниот суд

Прифатен е и предлогот на Обвинителството за определување на притвор на две лица кои се недостапни за органите на прогонот, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

МВР во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведе акција во која беше уапсен Штекли и уште девет други лица, извршени беа претреси кај 16 лица, на 21 локација во Скопје и Гевгелија.

Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците, соопшти МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аморим: Ние сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед
Следна Статија Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина сопатничка, а двајца се тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово- Гостивар

Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Еден починат и тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во…

August 28, 2025
ХРОНИКА

Полициска акција за детска порнографија: Претреси и кај претседател на бугарско здружение

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?