Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Речиси секоја трета жена во земјава била сексуално малтретирана, покажува истражувањето на ОБСЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Речиси секоја трета жена во земјава била сексуално малтретирана, покажува истражувањето на ОБСЕ
ХРОНИКА

Речиси секоја трета жена во земјава била сексуално малтретирана, покажува истражувањето на ОБСЕ

Објавено November 25, 2024 21:07
Сподели
Сподели

Половина од жените во Македонија искусиле некаков вид на насилство во текот на својот живот, а речиси секоја трета жена била сексуално малтретирана. Низ физичко или сексуално насилство поминале 14 отсто од жените во земјава, а една од 10 жени била жртва на демнење.

Ова се наодите од истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кои денеска ги презентира шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, на јавната расправа „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“

Иако правната рамка во Македонија е солидна, законска регулатива за спречување и заштита од насилство врз жените, рече тој, мора целосно да се спроведува за да обезбеди брз одговор и подобра заштита на жртвите.


„Законите против насилството се делотворни онолку колку што е нивното спроведување за кое се потребни ресурси, обука, и координиран пристап меѓу сите чинители, полицијата, судството, давателите на здравствени услуги и социјалните служби. За да се постигна ова, од клучно значење е вистинското спроведување на реформите кои произлегуваат од Инстанбулската Конвенција. Разрешувањето на насилството врз жените не значи само штитење на жените. Тоа значи градење општество во кое секој може да живее без страв“,рече Вал на денешната јавна расправа по повод Меѓународниот ден против насилство на жените што се одржа во собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите


Амбасадорот истакна дека земјава има направено меѓународни заложби за спречување и борба против насилството врз жените – Акцискиот план на ОБСЕ за родова еднаквост, одлуката на Министерскиот совет од Љубљана за спречување и борба против насилството врз жените, како и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство – Истанбулската Конвенција.

Дека по однос на прашање има подобрување во легислативата за разлика од пред 15 години, но оти и натаму останува предизвикот наречен имплементација, согласна е и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Невозможно е имплементирање на закон, како што рече, без да се предвидат финансии за спроведување на истиот.

„Она што не се предвиди кога се усвои Законот за превенција и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е колку пари ќе не чини како држава. Повеќе од три години до усвојувањето на Законот не сме ниту блиску до исполнување на минимум стандардите за специјализирани услуги, не сме ни блиску до овозможување на достапни и пристапни специјализирани сервиси за жени и деца кои преживеале насилство. Не знам дали има потреба повторно да се унапредуваат законите или треба пред себе да си признаеме дека додека не сме спремни да одвоиме пари, барем да не се лажеме дека правиме нешто. Не може да постои специјализирана услуга квалитетна, континуирана без да има за тоа предвидени средства“,порача Димушевска на денешната јавна расправа.


Рече дека како невладин сектор ги загрижила информацијата за кратење на речиси 50 проценти од средства наменети за социјални услуги од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

„Мора да обезбедиме пари во националниот буџет, во буџетите на министерствата, на општините, затоа што без да ги обезбедиме парите сите законски измени кои ќе ги направиме се апсолутно непотребни бидејќи не ќе можеме да ги имплементираме“,додаде таа.


На дебатата свое обраќање имаше и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски кој рече дека и покрај ратификување на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, државата е далеку од исполнување на пропишаните стандарди.

Информира дека во седум плански региони во земјава се воспоставени специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а оти во наредниот период предвидено е да се воспостават на нови 10 специјализирани сервиси за жени жртви од насилство и семејно насилство

„Во наредниот период ќе се фокусираме на изготвување на осумгодишната националната стратегија за спречување и заштита на насилство врз жените и семејното насилството со Акциски план за спроведување на предвидените мерки и активности“,рече Велковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите
Следна Статија Инцидент на Скопскиот аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема

Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Тажна вест од Зоолошка: Почина јагуар

За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест. Денеска нè напушти, борејќи се со метастазиран…

April 13, 2025
ХРОНИКА

Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи трагедија

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Марија се прости од сестра си: Ја погребавме мама, а сега и тебе сестричке

Марија се прости од својата постара сестра со емотивен пост полн со болни зборови и тага, пренесува српски Телеграф. Не…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?