Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рекордни 13.400 учесници од 55 земји ќе трчаат на јубилејниот 20. Скопски маратон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Рекордни 13.400 учесници од 55 земји ќе трчаат на јубилејниот 20. Скопски маратон
СПОРТ

Рекордни 13.400 учесници од 55 земји ќе трчаат на јубилејниот 20. Скопски маратон

Објавено October 3, 2024 18:45
Сподели
Сподели

За јубилејниот 20. „Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се одржи на 6 октомври, во недела, се пријавени рекордни 13.400 учесници од 55 земји. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Кире Синадиновски, директор на маратонот.

Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Скопскиот маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите.

„По 20. пат се одржува Виз Ер Скопскиот маратон, најмасовниот спортски настан кај нас, кој што Скопје и Македонија ги става на светската тркачка мапа. Овој настан не би можел да биде одржан без помош на Министерството за внатрешни работи, на Министеството за спорт, кое што покажа исклучително разбирање, Министерство за одбрана, Црвениот крст на град Скопје, Службата за итна медицинска помош и спонзорите. Оваа година има рекорден број учесници“, изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Синадиновски кажа дека во сите четири трки, рекреативната трка од 5 км, маратонот, полумаратојот и штафетниот маратон е зголемен бројот на учесници во однос на минатите изданија.

Можам да најавам дека ќе учествуваат неколку елитни натпреварувачи од Кенија и се надевам дека ќе бидат срушени рекордите на патеките. Оваа година имаме мала измена на патеките во однос на минатите години, но стартот останува на исто место, пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе трчаат накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што кај Хром ќе свртат полукружно, се враќаат назад во центарот на градот, каде продолжуваат покрај Тутунски комбинат, на Трета македонска бригада, по што ќе свртат лево, по улицата Васко Карангелевски, кај Мајчин Дом, па потоа по Булевар Србија десно, тука вртат полукружно, по што се враќаат на Тобако 2 и по Булеварот Јане Сандански, се враќаат повторно на Трета македонска бригада и завршуваат на Порта Македонија, на плоштадот во Скопје. Ова е првиот круг за полумаратонот, додека маратонците уште еднаш ќе го свртат истиот круг. Додека патеката за трката на 5 км, стартот е исто пред Собранието, по што натпреварувачите трчаат во правец на населбата Аеродром, односно кај Тутунски комбинат вртат лево, по Трета македонска бригада и кај Супермаркетот Тинекс свртуваат полукружно и се враќаат повторно назад на плоштад Македонија, каде што е целта“, изјави спортскиот директор на Скопски маратон.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени 600 волонтери, кои ќе бидат вклучени традиционално во реализацијата на овогодинешното јубилејно издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите во недела да ги бодрат тркачите и да ја споделат позитивната енергија на јубилејното издание на можеби омилениот спортски настан во државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку десет нови дестинации преку двата аеродрома, нови инвестиции во железницата
Следна Статија (Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Алексовска и Трајановски блеснаа пред домашната публика (ВИДЕО)

Македонската публика уживаше во вистински спектакл на ММА сцената! На настанот „Армада 14“ нашите борци испишаа ново славно поглавје во…

September 15, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ загуби од 204-тиот светски тенисер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Валентин Вашеро од Монако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 3:6 и 4:6.…

October 11, 2025
СПОРТ

(Видео) Барселона ќе игра против Реал во дресови со логото на Ед Ширан

Барселона претстави специјален дрес за претстојното Ел Класико (26 октомври), на кој на предната страна ќе стои логото на британската…

October 15, 2025
СПОРТ

Столе Димитриевски може да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?