Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реновирале црква, па во статуа пронашле четири кеси со средновековни златни и сребрени пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Реновирале црква, па во статуа пронашле четири кеси со средновековни златни и сребрени пари
ЗАБАВА

Реновирале црква, па во статуа пронашле четири кеси со средновековни златни и сребрени пари

Објавено January 12, 2025 21:20
Сподели
Сподели

За време на реставрацијата на познатата готска црква Свети Андреј, во германскиот град Ајслебен, откриено е богатство од 1600-тите, најверојатно скриено за време на Триесетгодишната војна, кога шведските војници ја ограбиле областа.

Шефот на ковачницата во покраината Саксонија-Анхалт, Улф Дрегер, ја нарече приказната „неверојатна“, откако беше официјално претставена во ноември 2024 година, пренесува Live Science.

Сè започнало кога реставраторите сосема случајно пронашле четири платнени кеси во ногата на статуа. Внатре пронашле повеќе од 800 златни и сребрени монети, од кои највредните биле означени дека припаѓаат на црковната ризница.

Во црквата Свети Андреј, во текот на 1546 година, протестантскиот реформатор Мартин Лутер, творецот на 95-те тези против корупцијата во Римокатоличката црква, ја одржа својата последна проповед.

Сто години подоцна, некој го искористил светилиштето како „безбедно засолниште“ и ги сокрил вредните работи во четири платнени кеси.

„Чудо е што не беа откриени порано“. „Ќе биде потребно време експертите да ја проценат вредноста на монетата, но можам да кажам дека не е мала“, истакна Дрегер.

Тој додаде дека монетите не потекнуваат од донации за време на неделните богослужби, туку свештениците ги добивале за посебни услуги, како што се свадби, крштевки и погреби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноле откри зошто Федерер и Надал никогаш не го сакале
Следна Статија Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Во Естонија и разводите станаа онлајн

Со воведувањето на е-разводот, малата балтичка држава, стана прва земја во светот која 100 процентно им дава онлајн административни услуги…

January 31, 2025
ЗАБАВА

Помпеја ќе го ограничи бројот на дневните посетители на 20.000

Древниот римски археолошки локалитет Помпеја во јужна Италија ќе ги ограничи дневните посетители на 20.000 како одговор на нивната растечка…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Пет работи кои според фенг шуи носат лоша среќа ако ги имате во куќата

1. Огледало во спалната соба Според фенг шуи, не само скршените огледала носат лоша среќа. Дури и совршено неоштетените огледала…

March 16, 2026
ЗАБАВА

Промена на стратегијата за Call of Duty: Помалку повторливи изданија

Компанијата одлучи да го промени пристапот кон издавање на популарната видео-игра серија, со цел подобрување на квалитетот и искуството на…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?