Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рикер: Балканот не е приоритет за САД, потрошивме многу време, сега има други предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рикер: Балканот не е приоритет за САД, потрошивме многу време, сега има други предизвици
БАЛКАН

Рикер: Балканот не е приоритет за САД, потрошивме многу време, сега има други предизвици

Објавено December 4, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Тешко ми е да замислам дека Балканот би можел да биде приоритет за Соединетите Американски Држави, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот, вели поранешниот висок функционер на американскиот Стејт департмент Филип Рикер.

– Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во текот на 1990-тите и раните 2000-ти години, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици. И, како што истакна новоизбраниот претседател Доналд Трамп: Америка на прво место. Што е во американскиот интерес, како некое дејствување ќе им помогне на САД, нашата економија и нашите интереси. Тоа е нешто на што можеме да работиме заедно во целиот регион и во таква активност може да бидат вклучени и САД – рече Рикер во интервју за српскиот портал „Радар. Нова“.

Дипломатот Рикер вели дека со оглед на тоа што Косово и Србија воопшто не биле спомнати во претседателската кампања во САД, не гледа оти прашањето за Косово во моментов е приоритет.

– Не гледам дека во моментов има некаков напредок по прашањето за Косово. Знаете, не е многу паметно да организирате меѓународен настан ако не сте убедени дека можете да постигнете нешто конкретно. Ова е особено случај кога паралелно со ова има многу други главни актуелни прашања на глобално ниво. Во оваа насока, секако не гледам дека организирањето на меѓународна конференција може да биде приоритет за САД. Верувам дека треба да се запрашате, гледајќи го ова прашање од перспектива на новоизбраниот претседател Трамп: Што од тоа би било во интерес на Америка? Не забележав дека за време на претседателската кампања во САД, во целата политичка дискусија воопшто се споменуваше Србија, Косово или целиот регион. Тешко ми е да замислам дека тоа би можело да биде приоритет, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот – вели Рикер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за „интерпелацијата“ на ДУИ: Низок обид за манипулација на јавноста
Следна Статија Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Седми неуспешен обид за конституирање на косовското собрание

Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на…

April 27, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Годинава одиме на избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека оваа година во Србија ќе се одржат избори, посочувајќи го периодот меѓу октомври и…

January 26, 2026
БАЛКАН

Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица…

September 7, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Нов тренд на Балканот: Платени убијци носат маски со лик на познати лица на жртвите

Kрмининалците од регионот имаат нов метод да ги намамат жртвите кои треба да бидат убиени. Убијците носат маски со лик…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?