Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

Објавено December 21, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Непречено се одвива акцијата новогодишна кошничка. Бројот на производите надмина 1000 опфатени со намалена цена од барем 10 проценти, констатира Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд кој денес направи мониторинг во еден од поголемите прилепски маркети, заедно со претставници од бизнис секторот.

-Денес продолжува мониторингот на учесниците во новогодишната кошничка, односно маркетите, кои се директно поврзани со потрошувачите, односно купувачите. Во мониторинг сме на еден од локалните прилепски маркети во синџирот од повеќе од 20 од нив. Гледаме дека производите кои ги понуди Стопанската комора во новогодишната кошничка се одлично означени со претходната цена која е прецртана и со најмалку 10 насто намалување. Тоа е добро за визуелен ефект на граѓаните за да може да ги препознаат производите кои се со намалена цена, изјави Ристески.

Новогодишната кошничка содржи околу 1000 производи во околу 50 маркети и во над 500 продажни места во земјава. Пазарниот инспекторат континуирано прави контроли. Има одредени мали забелешки, но не ја нарушуваат акцијата. Ристески уште еднаш ги повика граѓаните да реагираат и да пријават неправилности на бројот 191 на Државниот пазарен инспекторат.

-Мислам дека мерката ќе тече во најдобар ред. Онаму каде што има одредени забелешки, потрошувачите, односно купувачите ќе може слободно да се јават на бројот 191, односно тоа е бројот на пазарната инспекција, да пријават и да бидат коригирани грешките, а онаму каде ќе се повторуваат грешките, трговците ќе може да бидат казнети според Законот за заштита на потрошувачите. Според инспекторатот имаше одредени мали прекршувања во однос на цените и на процентот, но тоа беа мали како што ја имаме информацијата од Државниот пазарен инспекторат. Еве, пак ги повикувам граѓаните ако има такви забелешки да пријават, ание понатаму ќе постапиме со маркетите, производителите, со дистрибутерите, со добавувачите, таму каде ќе се востанови дека има одреден проблем. Да напоменам, ова акација е предлог на бизнис секторот која ја поддржавме за граѓаните да имаат одредена заштеда и да се зачува стандардот на граѓаните, рече Ристески.

Татијана Мачалова, раководител на маркет во Прилеп уверува дека ги запазуваат сите критериуми во акцијата.

-Мерките ги применуваме од 15 декември, а цената ја запазивме од 15 ноември и на тие производи додадовме 10 проценти намалување што ќе трае до 15 јануари. Имаме редовни контроли од пазарната инспекција. Досега не се пронајдени забелешки. Се трудиме цените да бидат видно означени за да може потрошувачите полесно да ги препознаат намалувањата на производите, рече Мачалова.

Според Ристески, и понатаму ќе продолжи мониторингот низ градовите на цените од новогодишната кошничка и во еден од тие мониторинзи ќе бидат вклучени и синдикатите и организацијата на потрошувачи на Македонија.

Акцијата „Новогодишна кошничка“ со производи со намалени цени за барем 10 проценти ќе трае до 15 јануари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штетни состојки во Дубаи чоколадото, откриени во Германија
Следна Статија 81-годишна скопјанка измамена за речиси 2 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем е интересот кај компаниите

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?