Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

Објавено December 13, 2024 15:45
Сподели
Сподели

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи.

– Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Тој најавува дека од задутре, кога почнува акцијата па до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти.

Ристески се заблагодарува на компаниите кои се дел од акцијата (производители, дистрибутери и маркети), кои, како што нагласува, излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност.

– Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk. Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk, наведува Ристески во објава на Фејсбук.

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека бројот на производи опфатени со акцијата е зголемен од 600 на 800 и оти Државниот пазарен инспекторат ќе ја следи работата на маркетите.

Мицкоски уверува дека најавеното намалување на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“ ќе го заштити семејниот буџет.

– Очекувам позитивни ефекти и очекувам за празниците потрошувачката кошничка да биде што побогата, изјави Мицкоски, по поставувањето камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година
Следна Статија Македонија ги дозна ривалите за пласман на Светското првенство во 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања

Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од…

January 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20…

May 30, 2025

Технолошки идни перспективи по вестите од Венецуела

Фјучерси на суров нафтен благо паднаа. Извршните директори на Nvidia и AMD зборуваат на CES во понеделник

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?