Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата

Објавено January 18, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Секој предлог е добредојден, но мора да има анализи за стопанскиот раст и што може да поднесе државниот буџет, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во врска со предлогот од Комората на Северозападна Македонија за тоа дека минималецот може да биде 500 евра, но со исти придонеси како сега.

–Добри се сите предлози, но пред сѐ, треба да се отвори една поширока анализа, поширок социјален дијалог во Економско-социјалниот совет, да се види какви импликации ќе има за таквите предлози по буџетот на Република Македонија и сето тоа да биде во согласност со економскиот раст со економската состојба во Македонија и со порастот на продуктивноста, што е многу битен фактор во одредувањето на порастот на платите во иднина. Со едно нерационално, незаконско решение во иднина може да се направи нарушување на целиот економски систем во државата, изјави Ристески.

Минималната плата е регулирана со Законот од 2012 година. Порамнувањето се случува во месец март, а позната е формулата за пресметување: 50 насто од просечната нето плата исплатена во претходната година, и 50 проценти од индексот на животни трошоци од претходната година, пресметано од Државниот завод за статистика. Минималната плата не смее да биде пониска од 57 проценти од просечната плата исплатена за претходната година.

-Ова е донесена како формула во Економско-социјалниот совет со еден широк консензус на синдикатите, работодавците и Владата. Секое променување на пресметувањето и како наредно да ја одредиме минималната плата, ќе значи и промена во законските регулативи за пресметување на минималната плата, објаснува Ристески.

Тој нагласува дека сите дијалози треба да се водат преку Економско-социјалниот совет, па и за Законот за јавната администрација кој, исто, стигнува во март.

-Според Законот, очекуваме зголемувањето на минималната палата, според оние проценки кои ги имаме сега, да изнесува 1.800 до 2.000 денари. Но, да напоменам дека во последно време се актуелни и протестите на УПОЗ, а и тука имаме носење на Закон за јавната администрација кој треба да профункционира во март во кој точно е одредено како ќе се пресметува платата и тука ќе имаме, исто така одредени зголемувања во наредниот период. Пред да се носат решенија за штрајкови и протести, треба да се искористат сите демократски елементи, во овој случај, седнување на заедничка маса и тука е Економско-социјалниот совет каде треба да се разговара и да се анализираат работите и да повторам, да се носат рационални економски решенија што нема да направат тектонски нарушувања во буџетот на Република Македонија и во нормалното функционирање на државата, изјави заменик-министерот Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина
Следна Статија (ВИДЕО) Се урна жичарница на ски патека во Шпанија- најмалку 30 тешко повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Amazon и Open AI склучија договор од 38 милијарди долари

Светот на вештачката интелигенција доживува нов, спектакуларен пресврт. Amazon Web Services (AWS), облак-дивизијата на Amazon, објави склучување на седумгодишен договор…

November 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?