Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Работодавачите и коморите само се жалат, а работниците не добиваат ништо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Работодавачите и коморите само се жалат, а работниците не добиваат ништо
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Работодавачите и коморите само се жалат, а работниците не добиваат ништо

Објавено October 20, 2024 19:02
Сподели
Сподели

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати.

Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

-Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот, истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им смета на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.

Тој посочи дека на работодавачите покрај тоа што не им чинат работниците бидејќи биле неспособни и непродуктивни, не им чини и владата која само што е формирана. Најверојатно, додаде, тоа е притисок за да не се потпишат колективните договори.

-Работниците немаат никакви права во приватниот сектор. Ако се продолжи со овој притисок работниците ќе избегаат од Македонија, а дури и работниците кои доаѓаат од странство за неколку дена ја напуштаат државава. Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески.

Нагласи дека ќе побараат од Владата оние компании кои имаат синдикат да имаат одреден приоритет при добивањето на субвенции и програми за инвестиции, а од коморите да си ги дисциплинираат своите членки. Смета дека проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои, како што рече, им велат на газдите ние го знаеме менталитетот на работниците и знаеме како треба да се постапува со нив.

Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели, потенцира Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојанова: Бугарија ја потврди посветеноста за Коридорот 8, Скопје треба да го заврши својот дел
Следна Статија Добива 6 милиони долари: Синер го победи Алкараз и го освои егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ИМ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ – Окриени неправилности кај продавниците за брзи кредити

При реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатирани се одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првиот маркет на Лидл ќе биде отворен во Ново Лисиче

Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?