Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање
СПОРТ

Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

Објавено October 20, 2024 12:20
Сподели
Сподели

„Кога некој ќе остане повеќе години на функција доаѓа до меѓусебно заситување меѓу човекот и спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски за првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Во интервју за РСЕ оценува дека успехот на репрезентацијата оди во нагорна линија, но, за работењето на ФФМ е воздржан за коментар, бидејќи вели дека не ги знае деталите.

Господине Ристовски, навивачите ви го дадоа прекарот министер за одбрана, вие станавте министер за спорт. Освен што е нова институцијата, што ново ќе понуди за македонскиот спорт?

Разликата е огромна. Во прв миг делува дека е само едно министерство, а работите ќе останат исти. Тоа е баш напротив од сето тоа и таа констатација, затоа што кога имате министерство, самата институција е на едно повисоко ниво, едноставно сите спортисти, спортски работници ќе имаат свој дом каде да се обратат за сите проблеми и од било кој тип. Втор огромен плус е што сте дел од самата влада каде се креираат политиките на едно министерство и на спортот во кој правец треба да се движи спорот во нашата држава.

Ваша оцена како поранешен спортист и како функционер, каква е генералната состојба во македонскиот спорт – фудбал, одбојка, кошарка, на поединечно, клубско и репрезентативно ниво?

Генерално, во изминатите 10 години, спортот беше ставен во една позиција не можам да кажам ни потценета, пониско од потценета, бидејќи не се вложуваа доволно средства и не се размислуваше во капитални инвестиции во делот на спортот, коишто се основа на еден спорт, нити се водеше грижа за сите оние спортисти кои што беа успешни, многу малку или беа таленти на нашата држава. Така што во овој момент спортот во Македонија би го оценил како катастрофален или на многу ниско ниво, затоа што, едноставно ако се навратиме многу години наназад, освен поединечни блесоци, како што е освојувањето на таеквондистот Дејан Георгиевски, освојувањето на медал на Олимписките игри, поголеми резултати и да сме немале и во колективните и во индивидуалните спортови. Така да, кога се ќе се собере и одземе, мислам дека на спортот му треба еден комплетен рестарт и тоа е она кон кое што се стремиме и сакаме да го направиме.

Зошто не можеме да продуцираме како држава врвни спортисти, зошто не имаме потрага, на пример, по нови таленти?

Имаме потрага, таленти има многу, Македонија е доста талентирана нација за спорт, тоа можам да го потврдам. Меѓутоа, работата е колку вие ќе вложите во тие таленти, колку средства кои што ќе ги вложите, не е само колку средства ќе вложите, меѓутоа начин на кој што ги вложувате. Никој не се грижел за нив, никој не се грижел каде се трошат средствата, како се трошат, дали се трошат на вистински начин, не само дали имаат поткрепа за нивното трошење, меѓутоа дали се трошат во развој на спортот. Тоа е, мислам дека, една голема, огромна грешка на претходната власт, затоа што апсолутно немаше нити никаква контрола на трошењето на финансиски средства, нити што има државата како бенефит од сите тие вложувања.

Агенцијата за млади и спорт згасна со една афера која заврши со обвинение за 12 лица, вклучувајќи го и поранешниот директор Дарко Каевски. Случајот е за злоупотреби на ваучер системот. Кои са промените кои како Министерство ќе ги донесете во тој сегмент за да се спречат евентуално нови злоупотреби?

Кажавте и вие, она што ја објаснува состојбата во која се наоѓа спортот, а тоа е обвинение за првите 2 луѓе, помеѓу оние 12, кои што би требало да се врвот на институциите во спортот. А се поранешниот директор на Агенцијата за млади спорт и тоа е претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски. Со самото тоа, обвиненијата и пријавите се за околу 5 милиони евра проневера на државни пари. Пари кои што се давани ненаменски, кои што се давани и вадени помош за некоја федерација или клуб од ракав, буквално онака народски кажано. И токму тоа е поентата на која ние се одлучуваме во еден сосема поинаков пристап.

Оно што ние го направивме е сосема поинаков пристап, пристап кој што не остава нити најмал простор за корупција. Направивме критериуми по кои што можеби нема да бараме, не знам, да имате физиотерапевт во клубот или во федерацијата или не знам, да имате, да пријавите 200 дечиња за да добиете т.н. ваучер кои што се фиктивни дечиња, кои што не постојат во тие школи. Туку само ги земате податоците од дечињата и ги вметнувате во таа пријава за добивање помош. И кога кај излезете на терен да ги побарате тие дечиња, тие дечиња не ни воопшто се бават со спорт. Значи, тоа се делот од, само мал делот од работите кои се користеле преку тие така наречени критериуми за да се добиваат поголеми средства од државата. Ние направивме сосема поинаков систем, систем кој што значи вреднување и финансирање на проекти. Ние финансираме проекти.

Целото интервју може да го погледнете на Радио Слободна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат
Следна Статија Девицата да изненади некој со убав гест, Бикот да се подготви за динамична недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)

Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023…

January 22, 2025
СПОРТ

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку клучни одлуки. Меѓу другото назначен беше…

March 25, 2025
СПОРТ

Резервниот голман е новата ѕвезда во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го елиминираше Арсенал во третото коло од ФА Купот на пенали (1:1 – 5:4), а херој на дуелот…

January 13, 2025
СПОРТ

Македонија вечерва против Унгарија го стартува настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот…

January 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?