Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РСЕ: Уште пред 6 години „свиркач“ алармирал за криминал на Пеце Мирчески во СОЗР, ДКСК не реагирале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > РСЕ: Уште пред 6 години „свиркач“ алармирал за криминал на Пеце Мирчески во СОЗР, ДКСК не реагирале
МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Уште пред 6 години „свиркач“ алармирал за криминал на Пеце Мирчески во СОЗР, ДКСК не реагирале

Објавено February 6, 2025 14:51
Сподели
Сподели

Против поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески имало пријави до институциите и од вработени за незаконски постапувања. “Свиркач“ пријавил незаконско работење на СОЗР во Антикорупциска, но потоа доживеал закани и мобинг, а не добил никаква заштита. Укажувањата на “свиркачот“ за фалсификување на документ подоцна биле потврдени и во ревизијата на Резвизорите за работата на Службата, објави Радио слободна Европа.

Покрај вчерашната кривична пријава за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, Мирчески бил пријавуван и од негови колеги во СОЗР.

РСЕ открива случај во кој “свиркач“ – вработена во СОЗР во неколку наврати го пријавувала Мирчески во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во пријавата до Антикорупциска, која датира од јуни 2019 година, вработената – претседателка на Централна пописна комисија во СОЗР, пријавила закани, мобинг и фалсификување на извештај за извршениот попис на институцијата од страна на Пеце Мирчески.

Според пријавата, во која имаше увид РСЕ, станува збор за извештај на Централната пописна комисија при СОЗР за попис на средствата и изворите на средства и побарувањата и обврските за 2018 година.

Оваа Комисија обединува десет други комисии – кои ги попишуваат автомобилите, земјиштето, објектите, ситен инвентар, мебел, опрема, авио секторот и друго и врз основа на нив, Централната комисија изготвува генерален извештај.

Пописот требало да ја утврди финансиската состојба на Службата, материјални и нематеријални средства, инвентарот, побарувањата и обврските кои ги имала.

Во извештајот на Централната пописна комисија бил констатиран вишок во делот на угостителството од над 4 милиони денари, како и расходувани пијалоци во Клубот на пратеници на кои наводно им поминал рокот, а имало сомнежи дека не се расходувани по пропис.

Откако Централната пописна комисија изготвила извештај, тогашниот прв човек на институцијата Пеце Мирчески не бил задоволен од констатираните нерегуларности и со уцени и закани кон претседателката на пописната Комисија наредил истите да бидат отстранети од извештајот.

Претседателот на Централната пописна комисија под влијание и закани од Мирчески ги отстранил нерегуларностите во извештајот и изготвил нов извештај по негова желба, пишува во пријавата.

Вработена во СОЗР како “свиркач“ го пријавила Пеце Мирчески воДКСК што тогаш ја предводеше претседателката Билјана Ивановска. Освен претставката против Мирчески, на антикорупционерите им ги доставила и двата извештаи – стариот и новиот изготвен по нарачка на Мирчески.

Но, ниту новиот извештај за посписот во СОЗР не бил поддржан едногласно. Добил само два од потребните три гласа, бидејќи друг член на Комисијата одбил да го потпише. Но, и таков бил потпишан од Мирчески.

Кога ДКСК се обратила службено до Мирчески и тој дознал за пријавата, ја прераспределил вработената да работи во печатница, која физички не се наоѓа во зградата на СОЗР, туку во Државниот завод за статистика. И бил одземен и службениот компјутер на кој работела, со целокупната база на податоци за објектите на Владата.

И нејзиното прераспределување под казна од Мирчески поради пријавата која му ја поднела, го пријавила во ДКСК, но не добила никаква заштита, со образложение дека постапува ДЗР.

Вработената во СОЗР повела и постапка пред Агенцијата за администрација за прераспределбата на работната позиција, во која и бил одбиен приговорот. Потоа повела и судски процес против Мирчески во 2020 година за реваншизмот, но и таму го изгубила спорот во 2023 година.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски
Следна Статија Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз,…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

За пет години затворени 30 училишта во Македонија

Македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, во последните пет години поради што под клуч биле ставени 30 училишта во државата, објави Мета.мк…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?