Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио не смета дека Украина може да победи во војната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рубио не смета дека Украина може да победи во војната
СВЕТ

Рубио не смета дека Украина може да победи во војната

Објавено January 31, 2025 17:58
Сподели
Сподели

Украина нема капацитет да ја добие војната и да ги врати сите територии заземени од Русија, иако досега беше убедувана во спротивното, оваа војна не може да заврши со целосен победник и поразен, изјави синоќа државниот секретар на САД Марко Рубио, во радио-интервју со Мегин Кели.

-Како прво, ги осудуваме постапките на (рускиот претседател Владимир) Путин – неговата инвазија на Украина и ужасните злосторства што ги извршува. Но, нечесноста на ситуацијата лежи во тоа што на луѓето им беа всадени лажни очекувања дека Украина не само што ќе ја победи Русија, туку и дека може да ја уништи, да ја врати назад – во онаа состојбата во која се наоѓаше светот во 2012 или 2014 година, пред анексијата на Крим, изјави шефот на Стејт департментот.

Според Рубио, како резултат на ова, војната западна во ќор-сокак, а изминатата година и пол САД се принудени да ја финансираат оваа безизлезна ситуација, наместо да стават крај на човечките страдања.

Рубио нагласи дека „Украина е вратена 100 години назад“, нејзиниот енергетски систем е целосно разрушен и некој ќе мора да плати за неговата обнова. Освен тоа, вооружените сили на Украина губат сè повеќе територии, значителен дел од населението ја напушти земјата и можеби нема да се врати, па иднината на државата е под закана и војната мора итно да заврши.

Од друга страна, Рубио истакна дека и Русија не треба да смета на „победа“ – и таа ќе мора да се откаже од нешто и да направи концесии. Какви точно, тоа ќе се утврди за време на преговорите. Рубио не соопшти какви би биле можните услови на договорот.

На прашањето кој претставува главна пречка за постигање мир, дали Путин или претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со оглед на тоа што и двајцата претходно давале категорични изјави, државниот секретар одговори дека тука треба да се прави разлика меѓу јавните настапи и реалните преговори. Според Рубио, Путин, кој има контрола врз речиси сите медиуми во Русија, се грижи за својот внатрешен рејтинг и внимателно гради имиџ на „силен лидер“, додека Зеленски, чија земја сериозно настрада од агресијата, не може да им каже на Украинците дека ќе мора да предадат дел од територијата, бидејќи тоа би предизвикало огромно незадоволство.

-Но реалноста е дека двете страни трпат огромни загуби. Оваа војна нема да заврши со целосна победа и целосен пораз. А постигањето мир ќе бара тешка дипломатска работа… Тоа нема да биде лесно и ќе одземе време, но е неопходно, заклучи Рубио

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Севернокорејските војници се повлекле од Курск?
Следна Статија Kaраџиќ во затвор во нехумани услови, намерно сакаат да го умрат?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Венс за Иран: Ова не е вечна војна, ќе си ја завршиме работата и ќе си одиме дома

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера им рече на Американците дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да…

May 20, 2026
СВЕТ

Најмалку 40 мртви, над 100 повредени во пожарот во Кран Монтана – пиротехника го изгорела плафонот

Огромна трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 лица,…

January 1, 2026
СВЕТ

Го обожавам мирисот на депортации: Трамп му се заканува на Чикаго со Националната гарда

По неколку недели предупредувања дека Чикаго би можел да биде следниот град во САД што ќе ја види Националната гарда…

September 7, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар

Видео објавено на интернет го покажува последниот момент од животот на лидерот на милитантната група Хамас, Синвар. Без една рака…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?