Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина
СВЕТ

Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина

Објавено January 27, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Русија вчера соопшти дека нејзините војници зазеле стратешки важен град во источна Украина како дел од кампањата за слабеење на контролата на Киев врз индустрискиот центар на земјата.

Руското Министерство за одбрана го објави падот на Велика Новосилка, која пред војната имаше околу 5.000 жители.

Украина тогаш објави дека нејзините војници стратешки се повлекле од одредени области на градот. Доколку се потврди дека Велика Новосилка навистина паднала, тоа ќе биде првиот значаен град што капитулирал под нападот на Москва во регионот Доњецк оваа година.

„Украинските сили се повлекоа од одредени делови на Велика Новосилка за да избегнат опкружување“, се вели во соопштението на 110-та посебна механизирана бригада на својот официјален канал на Телеграм.

На тој дел од фронтот оперира бригадата.

Аналитичарите долго време предвидуваат дека е само прашање на време кога руските сили ќе го заземат градот, кој се наоѓа на само 15 километри од областа Дњепропетровск. 110-та посебна механизирана бригада предупреди дека има близок паритет со руските сили во однос на артилерија и беспилотни летала, но дека Русите имаат голема предност во работната сила.

Бригадата објасни дека повлекувањето топографски ќе им го отежне напредувањето на Русите бидејќи реката ќе стане пречка за понатамошно напредување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео: Хрватска пејачка за 500 евра испраќа секси видео порака за роденден
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – понеделник, 27 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас ослободи 4 израелски жени – војници во замена за 200 затвореници

Хамас денеска предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија. Израелската…

January 25, 2025
СВЕТ

Сирија бара повлекување на израелската армија од демилитаризирана зона на Голанска Висорамнина

Новата сириска Влада на денешната средба со шефот на мировните сили на ОН, Жан-Пјер Лакроа побара Израел да се повлече…

January 29, 2025
СВЕТ

Телото на папата Франциск вечер ќе биде положено во ковчег

Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата Римска Црква, ќе претседава со обредот за констатирање на смртта на папата Франциск и…

April 21, 2025
СВЕТ

Анализа: Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови

Газа, Либан, Сирија, Јемен и сега Иран. Израел истовремено одржува најмалку пет воени фронта со огромни воени, економски и општествени трошоци.…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?