Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин
СВЕТ

Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Објавено December 28, 2024 16:14
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел да слета во Грозни, Чеченија во средата. Во своите коментари, Путин не кажа дека руската воздушна одбрана го погодила авионот, пишува „Си-ен-ен“.

Авионот не можел да слета и се пренасочил кон исток, а на крајот се урнал во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 лица.

Не е потврдено што се крие зад инцидентот, но американски официјален претставник изјави за „Си-Ен-Ен“ во четвртокот дека раните индикации укажуваат дека руски противвоздушен систем можеби го соборил патничкиот авион.

Путин се извини за фактот што трагичниот инцидент се случи во рускиот воздушен простор во телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, се вели во соопштението на Кремљ.

Кремљ соопшти дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Грозни, но во исто време областите Грозни, Моздок и Владикавказ биле нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле овие напади.

Рускиот истражен комитет отвори случај во врска со катастрофата, се вели во соопштението.

Во изјавата во петокот, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха рече дека руските медиуми лажеле за причината за падот, додавајќи дека Москва го принудила оштетениот авион да го премине морето, најверојатно во обид да ги скрие доказите за нивното злосторство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ
Следна Статија Жена пријавена за исчезната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем

Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Радван, Абас Аднан Муслим е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во…

October 25, 2024
СВЕТ

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со…

June 10, 2025
СВЕТ

Русите јуришаат на фронтот со розева „Лада“

Најновото руско јуришно возило се чини дека е розово „Жигули“, стар советски автомобил познат како Лада стандард. Овој розов автомобил…

December 27, 2024
СВЕТ

Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во парламентот

Предлогот за гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзината Комисија не помина во…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?