Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност
СВЕТ

Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност

Објавено November 27, 2024 14:30
Сподели
Сподели


Во тек е процесот за воведување на најновиот ракетен систем „сармат“ во борбена готовност, изјави командантот на Стратешките ракетни сили на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев.

„Од денеска, во Стратешките ракетни сили воведени се системите од петта генерација „јарс“ и „авангард“. Работите на воведувањето на најновиот систем „сармат“, опремен со супертешка ракета на течно гориво, во борбена готовност продолжуваат“, истакна Каракаев во напис за истражувачко-аналитичкото списание на Министерството за одбрана на Русија.

„РС-28 сармат“ е интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) развиена од Русија за да го замени советскиот Р-36М, познат под НАТО ознаката „сатана“. Тој назив потекнува од можностите на стариот систем, а новиот „сармат“, кој често се нарекува „сатана 2“, дополнително ги проширува тие способности. Ракетата има дострел до 18.000 километри и способност да носи до 10 тешки или 15 полесни боеви глави, вклучувајќи ги и хиперсоничните системи „авангард“, е наведено.

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави „сармат“ како едно од клучните стратешки оружја за време на говорот на 1 март 2018 година, нагласувајќи ја неговата способност да ги заобиколи противракетните системи и да напаѓа цели насекаде во светот.

Сармат е дизајниран да се лансира од подземни силоси, што обезбедува дополнителна заштита и можност за брз одговор во случај на криза. Тоа е еден од најнапредните ракетни системи во рускиот арсенал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста
Следна Статија (ВО ЖИВО) Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Oва се главните нуклеарни локации на Иран

Американската војска нападна утрово три цели во Иран  – Натанз, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за…

June 22, 2025
СВЕТ

Колона | Трамп доминираше во Давос. Но ѕвездата беше Карни.

Карни одржа говор кој директно се соочи со светот создаден за време на претседателството на Трамп. Учесниците на Давос -…

January 24, 2026
СВЕТ

Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи

Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во Њујорк и европските метрополи. Во Њујорк, точно на полноќ традиционално беше…

January 1, 2025
СВЕТ

Погребан папата Франциск

Со црковни песни, длабоки емоции и солзи, илјадници верници, граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?