Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руски полковник паднал од прозорец и починал, два дена подоцна падна уште еден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руски полковник паднал од прозорец и починал, два дена подоцна падна уште еден
СВЕТ

Руски полковник паднал од прозорец и починал, два дена подоцна падна уште еден

Објавено February 7, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Двајца руски полковници паднаа од прозорец во рок од два дена еден по друг, приклучувајќи се на растечката листа на високи функционери кои ги загубија животите под сомнителни околности откако Владимир Путин ја започна војната во Украина.

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, голем број истакнати руски личности – од тајкуни и претприемачи до високи функционери и водачи на нафтени компании – загинаа под неразјаснети околности. Интересно е тоа што многумина ги загубија животите паѓајќи од прозорци, објави Индекс.

Еден од последните такви случаи е смртта на Артур Пријахин (56), шеф на регионалниот огранок на руската Федерална антимонополска служба (ФАС) во Република Карелија. Прјахин на 4 февруари околу пладне паднал од петти кат од деловна зграда и починал на лице место. Локалните власти тврдат дека во канцеларијата оставил белешка за самоубиство во која ѝ се извинува на сопругата, бара прошка од најблиските и нагласува дека никој не е виновен за неговата смрт.

Artur Pryakhin, head of Karelia's branch of the Federal Antimonopoly Service, fell out of a window and was found dead. pic.twitter.com/Bgdn9DwXS7

— XSovietNews 🇺🇦 (@XSovietNews) February 4, 2025

Рускиот истражен комитет го потврдил неговиот идентитет и заклучиле дека се работи за самоубиство. Сепак, истражителите се уште ги испитуваат околностите на неговиот пад.

Прјахин претходно во кариерата бил полициски полковник, а во 2014 година ја презеде челната позиција во регионалниот огранок на ФАС, објави рускиот весник „Известија“. Од 2010 до 2011 година бил началник на Одделот за економски криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Карелија.

Два дена подоцна, началникот на Форензичкиот центар на Рускиот истражен комитет, полковник Алексеј Зубков, паднал од прозорец на четврти кат на деловна зграда. Тој го преживеал падот и бил пронајден свесен, објави порталот МК.ру, додавајќи дека избегнал сериозни повреди. Зубков изјавил дека бил во бањата – од каде паднал – но не се сеќава на моментот на падот. Тој е хоспитализиран, а истрагата е во тек.

„Колегите шпекулираат дека Зубков бил под голем стрес ден пред завршниот состанок на Истражниот комитет. Неговите претпоставени, првиот заменик директор на ДИК Александар Соболев и генералот на главната дирекција на противпожарната служба Анатолиј Сазонов, биле на местото на настанот“, објави порталот ВЧК-ОГПУ, кој тврди дека имале внатрешни информации од руските безбедносни служби.

Уште еден сличен инцидент се случи неколку дена претходно, кога 58-годишниот руски музичар и радио водител Вадим Стројкин починал откако паднал од прозорецот на неговиот стан во Санкт Петербург додека властите го претресувале неговиот дом, пишува Комсомолскаја Правда. Претресот наводно бил дел од кривична истрага.

Случаите на високи функционери кои паѓаат од прозорци се почести последните години.

На пример, Равил Маганов, извршен директор на рускиот нафтен гигант Лукоил, бил пронајден мртов на 1 септември 2022 година, откако паднал од прозорецот на болницата во Москва. Околностите за смртта на 67-годишниот Маганов остануваат нејасни, а тој работел во Лукоил од 1993 година.

Само неколку месеци подоцна, на 25 декември 2022 година, рускиот политичар Павел Антов, кој претходно ја критикувал инвазијата на Путин на Украина, бил пронајден мртов откако падна од прозорец во Индија. Антов, член на партијата на Путин, Единствена Русија и богат тајкун за месо, бил пронајден во локва крв пред хотелот Саи Интернационал во индиската држава Одиша.

Во јуни 2022 година, според извештајот на Би-Би-Си, Антов реагирал на рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Киев во порака WhatsApp, пишувајќи дека е „исклучително тешко ова да се нарече поинаку освен терор“. Пораката набрзо беше избришана, а Антов подоцна објавил дека го поддржува Путин, дека е „патриот на својата земја“ и дека стои со војната. Тој тврдел дека претходната порака е недоразбирање и дека е напишана од некој со кој не се согласува по прашањето за „специјална воена операција во Украина“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки
Следна Статија Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украинците нападнале руски магацин за муниција

Украина извршила напад врз руски магацин за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од регионот Донецк вчера, објавија и…

July 3, 2025
СВЕТ

Бил Гејтс открива три клучни опасности од вештачката интелигенција – последната е особено алармантна

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, го привлекува вниманието на трите главни ризици поврзани со сè побрзиот развој на вештачката интелигенција,…

December 20, 2024
СВЕТ

Зеленски: Има шанси војната да заврши во 2025 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војна против Украина најверојатно ќе заврши во наредната година. „Кога ќе заврши војната?…

November 23, 2024
СВЕТ

(Фото/Видео) Леден циклон ја погоди Европа, измерени -35 степени

Северна Европа викендов е под удар на силен циклон, со екстремно низок воздушен притисок. Циклонот донесе обилен снег и бурни…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?