Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руските научници заминуваат од ЦЕРН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руските научници заминуваат од ЦЕРН
СВЕТ

Руските научници заминуваат од ЦЕРН

Објавено November 3, 2024 21:10
Сподели
Сподели

По повеќе од деценија соработка, Русија се повлекува од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Женева, пренесува ДПА. Истражувачите на оваа европска институција соработуваа со Русија дури и за време на Студената војна.

Директорката на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Електронски синхротрон (DESY) во Хамбург, Беате Хајнеман, изјави за ДПА дека повлекувањето на Русија ќе има бројни негативни последици.

– Тоа не значи дека некои истражувања поради прекинот на соработката ќе бидат невозможни, но ќе биде многу потешко и побавно, ќе има доцнења, рече Хајнеман.

Во истражувањата на ЦЕРН работат илјадници научници од целиот свет. Во проектите биле вклучени околу 1000 научници од Русија, кои значително придонеле, изјави директорот за истражување во ЦЕРН, Јоаким Мних.

– Научниците на ЦЕРН соработуваа со Русија за време на Студената војна поттикнати од научната љубопитност и во мирољубива околина. Изгледа дека тоа повеќе не е можно, што е огромна штета, рече Маркус Клуте, раководител на Институтот за експериментална физика на Институтот за технологија (KIT) во Карлсруе.

ЦЕРН, основан во времето на Студената војна 1954. година, е една од најзначајните истражувачки институции за физика на честичките и дом на најмоќниот забрзувач на честичките во светот.

Во јуни 2022. година, ЦЕРН одлучи да ги прекине договорите за соработка со Русија и Белорусија поради војната во Украина.

Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27 јуни, а со Русија истекува на 30 ноември.

Заминувањето на руските научници сериозно ќе се одрази на проектите на ЦЕРН, вклучително и експериментите на Големиот хадронски судирач (LHC), бидејќи Русија покриваше 4,5 отсто од буџетот за тие експерименти, т.е. придонесуваше со 2,3 милиони швајцарски франци годишно

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На ден на жалост имала настап: Српска фолк ѕвезда е на столб на срамот
Следна Статија (ВИДЕО) Нападнат кралот на Шпанија, тој и кралицата беа гаѓани со кал во Валенсија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ

Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25…

December 22, 2024
СВЕТ

Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и…

May 20, 2025
СВЕТ

Новиот шеф на ЦИА верува дека коронавирусот протекол од лабораторија

ЦИА вчера објави нова проценка за потеклото на пандемијата на коронавирус, во која се наведува дека е поверојатно вирусот да…

January 26, 2025
СВЕТ

САД го извршија нов напад во Пацификот, убиени две лица

САД потврдија дека во нивниот последен напад во Источниот Пацифик се убиени две лица, во акција што е означена како…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?