Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога
БАЛКАН

Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога

Објавено January 21, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Владата на кантонот Сараево прогласи денес состојба на тревога поради исклучително загадениот воздух, бидејќи според податоците на Светскиот индекс на квалитет на воздухот главниот град на Босна и Херцеговина е најлош во светот.

Просечните дневни вредности на честичките ПМ10, кои главно содржат железо, алуминиум и силикати, а настануваат поради греењето на цврсти горива и издувните гасови на возилата и индустријата, достигнаа рекордни вредности на пет мерни станици, извести кантонот Сараево.

Тоа е двојно повеќе од концентрациите на загадувачки супстанци во Дака (Бангладеш) и Њу Делхи (Индија), кои се на второ и трето место. Индексот на квалитетот на воздухот во Сараево во моментов изнесува алармантни 368, ставајќи го градот во категоријата „ризичен“.

Тоа значи дека влијае на здравјето на сите луѓе кои се движат на отворено. Според извештаите на стручните тела на Сараево, освен високата концентрација на честичките ПМ10, во последните три дена се бележат и надминување на дневните максимални вредности на сулфур диоксид.

За да го заштити здравјето на граѓаните, владата на кантонот Сараево воведе дополнителни мерки за ограничување. Забрането е возење на возила со мотори Еуро 3 и пониски во потесната градска зона, а наложено е и привремено сопирање на технолошките процеси кои произведуваат прашина, каде што тоа е технички изводливо.

На работодавците им е препорачано организирање на работата од дома, додека капацитетите на јавниот превоз кој не ја загадува животната средина се зголемуваат. Промена на временските услови која може да влијае на квалитетот на воздухот се очекува дури во четврток, но кантонот Сараево предупредува дека е неизвесно дали тоа ќе доведе до значително подобрување.

Власта апелира до граѓаните да го минимизираат престојот на отворено и да избегнуваат физички активности надвор. Заводот за јавно здравство на кантонот Сараево објави детални здравствени препораки за населението подобро да се заштити од негативните последици на загадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вкупно 76 лица загинаа во пожарот во хотел во турски ски центар – прогласен ден на национална жалост
Следна Статија Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“ каде почива Тито

Белградската полиција го уапси Г. М. (55) под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, дознава Telegraf.rs. Мажот е…

August 18, 2025
БАЛКАН

Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија

Германскиот медиум „Тагесцајтунг“ објави дека таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во…

April 3, 2025
БАЛКАН

Албанија го отвори последниот кластер во преговорите со ЕУ

Албанија ја дувна свеќичката со број шест, симболично означувајќи го отворањето на последниот, шести кластер од пристапниот процес. Со тоа,…

November 17, 2025
БАЛКАН

Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес

Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и затоа уште еднаш ја потврдуваме нашата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?