Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина
СВЕТ

Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина

Објавено January 1, 2025 23:00
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Европската унија, а не Русија, ќе биде во загуба откако Украина го спречи транспортот на руски гас, пишува денеска бриселско Политико.

Запирањето на транзитот на гас преку територијата на Украина ќе има драстично влијание врз сите нас во ЕУ, но не и врз Русија, порача Фицо во своето новогодишно обраќање.

За време на божиќните празници во Москва, Фицо разговараше за снабдувањето со гас со рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, словачкиот премиер тврдеше дека завршувањето на договорот ќе ги зголеми трошоците за ЕУ ​​и ќе и наштети на конкурентноста на Унијата, како и дека ќе предизвика зголемување на цените на енергијата во Словачка.

Фицо се закани дека ќе преземе „реципрочни мерки“ против Украина доколку не го продолжи аранжманот, вклучително и стопирање на извозот на електрична енергија во земјата, која се соочува со сурова зима.

Од друга страна, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска го поздрави крајот на рускиот договор како победа на Киев.

-Путин потроши милијарди за изградба на Северен тек за да ја заобиколи Украина и да ја уценува Источна Европа заканувајќи се дека ќе го прекине гасот. Денеска Украина му ја ускрати можноста за директен извоз на гас во ЕУ, порача Сикорски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родени се со натпросечен ум: За овие 3 знаци астролозите тврдат дека се најинтелигентни во хороскопот
Следна Статија Хамилтон, добредојде во црвеното семејство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на…

June 22, 2025
СВЕТ

Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата мрежа „Трут соушл“ (Truth social) го коментираше приближувањето на Индија, Русија и…

September 5, 2025
СВЕТ

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за…

May 20, 2025
СВЕТ

Егзекутиран новинар во Саудиска Арабија за објави на “Твитер”

Саудиска Арабија егзекутираше новинар во саботата откако највисокиот суд во земјата ја потврди смртната казна, соопшти државната новинска агенција. Истакнатиот…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?