Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се прошетала по бели чорапи низ улиците на Токио за да види колку се чисти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Се прошетала по бели чорапи низ улиците на Токио за да види колку се чисти
ЗАБАВА

Се прошетала по бели чорапи низ улиците на Токио за да види колку се чисти

Објавено January 13, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Јапонската чистота е една од најпрепознатливите карактеристики на оваа земја, која често ја посочуваат туристите и имигрантите.

Посебно внимание се посветува на отпадот и хигиената на просторот. Оставањето ѓубре или нечистотија се смета за неодговорно и грубо бидејќи може да предизвика непријатности за другите. Ова е причината зошто повеќето Јапонци чистат по себе и негуваат чувство на лична одговорност кон заедничките простори.

Инфлуенсерката Симран Џаин, реши да ги тестира овие тврдења за јапонската чистота на уникатен начин. Таа шеташе по улиците на Токио во бели чорапи за да спроведе мал експеримент.

Експериментот беше повеќе од успешен. Чорапите останаа речиси целосно чисти, потврдувајќи ја исклучителната чистота на улиците.

Иако Јапонија со децении нема речиси никакви корпи за отпадоци на улиците, јавните простори остануваат уредни. Овој недостиг на канти датира од 1995 година, по терористичкиот напад со гас сарин.

Нападот, извршен од домашна култна група, вклучуваше ослободување на смртоносен сарин на неколку линии на метрото во Токио за време на шпицот. Како мерка на претпазливост, корпите за ѓубре се отстранети од железничките станици, улиците и другите јавни места за да се спречат идни напади.

Денес, иако некои железнички станици повторно воведоа ограничен број корпи за отпад, тие сè уште се ретки на улиците и на повеќето јавни места. Многу локални власти ги сметаат за непотребен трошок. Наместо тоа, јапонското општество се потпира на длабоко вкоренети навики за одговорност и чистота, што резултира со неверојатно чиста околина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО| Италијански Ф-35 и руски Сухој имаа блиска средба над Балтичкото Море
Следна Статија (Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Денеска се одбележува 8-ми март, светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност

Во светот денеска се одбележува 8-ми март денот кој е посветен на борбата на жените за економска, политичка и социјална…

March 8, 2025
ЗАБАВА

Во кои европски градови е најскапо изнајмувањето недвижности? Првиот на листата е поскап и од Париз и Лондон

Deloitte“ објави годишен индекс на недвижности кој ја споредува понудата низ европските градови, а според претходно споменатото истражување, најскапиот европски…

September 27, 2025
ЗАБАВА

Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со…

January 9, 2026
ЗАБАВА

Во Шангај отворена градинка за кучиња

Градинка за кучиња, насловена „Шепа“ е отворена во трговски центар во Шангај, каде на кучињата им се нудат внимателно организирани…

June 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?