Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување
МАКЕДОНИЈА

Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување

Објавено November 12, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа објавени во последниот број на Службен весник, од 11 ноември годинава.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и во две организации.

Меѓу нив е и амбасадорот на Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.

Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева.

Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во всрка со активностите на македонската дипломатија околу пописот на населението што беше спроведен во Албанија.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија
Следна Статија Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Камала Харис зборуваше за Илинденското востание

Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби кај клиниките, велат од Здравство

Од Министерството за здравство се огласија во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?