Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија
МАКЕДОНИЈА

Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија

Објавено January 23, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Основниот принцип по кој гласаат граѓаните на Македонија е етнички, а исклучоците се ретки. Ова го покажуваат резултатите од компаративната студија на изборните системи, спроведена со учество на Институтот за социолошки и политичко-правни студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Програмата за поддршка на изборите во Македонија.

Македонија за прв пат е дел од оваа меѓународна студија, која се спроведува 25 години и дава преглед на изборното однесување на граѓаните.

„Од македонските партии само две имаат гласачи меѓу граѓаните со албанско потекло или припадниците на другите етнички заедници во земјава, а Македонците не гласаат за албанските партии“, рече доц. Јован Близнаковски од Институтот за социолошки и политичко-правни студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според кого во Македонија има поларизација по две линии – партиска и етничка.

Висок е процентот на граѓани кои се изјасниле како членови на политички партии, при што околу една третина од нив учествувале на митинзи или јавни настани организирани од политичка партија за време на минатогодишните избори.

Истражувањето покажува дека земјата е меѓу земјите во кои партиите имаат најголем процент на членови од населението и секој седми граѓанин-гласач е член на некоја партија, при што жените и младите се помалку ангажирани во политичките процеси. Според податоците, 13,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека се членови на партија, додека во ЕУ процентот е меѓу 3 и 5 отсто.

Поделба по етничка линија има и во однос на оценката за работата на владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски (2020-2024), во која учествуваше и ДУИ.

„Гледаме дека незадоволството кај Македонците е значително поголемо отколку кај етничките Албанци, така што на некој начин целиот изборен резултат може да се гледа како казна за претходната власт“, ​рече Близнаковски.

На прашањето дали гласачите гласаат за иста партија на изборите, 37,4 отсто од испитаниците одговориле потврдно, 25,3 отсто одговориле дека гласаат за друга партија, додека 1,1 отсто одговориле дека не гласаат.

Речиси 38 отсто од испитаниците објасниле дека причината поради која одбрале за кој од претседателските кандидати да гласаат на изборите на крајот на април и почетокот на мај минатата година е проценката дека „овој кандидат е најдобар“. За близу 35 отсто, причината била затоа што тоа бил кандидатот предложен од нивната партија. Во однос на парламентарните избори, кои се одржаа заедно со вториот круг од претседателските избори, истражувањето покажа дека 34 отсто од Македонците се изјасниле дека поддржуваат одредена партија поради нејзината програма, додека за 35 отсто од Албанците поважно било раководството на партијата за која гласале.

Истражувањето е направено од 25 октомври до 4 декември 2024 година, а реализирани се вкупно 1056 анкети, на кои стапката на одговор е 56,2 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oдиме на победа: Македонија од 15 и 30 часот игра против Катар
Следна Статија Нема повисоки плати за функционерите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протестен марш во Скопје против поради загадувањето на Крива река

Еко активистите денска излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство од како што го нароека нефукционирањето на државните…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Граѓаните ја демолираат куќата на градоначалникот

Додека градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, дава изјава во Јавното обвинителство, граѓаните ја демолираат неговата куќа. По вчерашната трагедија во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Oна што го најавуваат бугарските медиуми доби потврда. Премиерот Мицкоски денеска рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?