Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
СВЕТ

Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ

Објавено December 22, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25 милијарди евра за подароци за ставање под дрвото, купување храна, ручеци и вечери во ресторани и патувања, според италијанскиот Здружение за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.

Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра, пренесе Анса.

Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, па дури и секое друго купување ќе се врши со попуст.

За традиционалната вечера и ручек ќе се потрошат над три милијарди евра со оглед на високите цени на прехранбените производи.

Во декември во Италија путерот поскапе за 20 отсто, кафето за 13,3 отсто, маслиновото масло за 9,7 отсто, доматите за 23,7 отсто, а чоколадото за 8,5 отсто.

Во споредба со минатата година, традиционалниот колач панетоне поскапе за четири отсто, а просечната цена во главните трговски синџири се движи меѓу пет и седум евра.

Панетонот во приватните слаткарници е значително поскап, просечните цени се движат од 30 до 35 евра, но и до 60 евра доколку е „потпишан“ од познати готвачи.

Кога станува збор за чоколадните божиќни десерти, тие поскапеа за 30 отсто.

Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува Kodacons, ќе потрошат 12,7 милијарди евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Успешна посета на Вашингтон, унапредување на македонско-американските односи
Следна Статија Трамп ќе побара од Панама да го предаде каналот на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес на Филипините

Бројот на жртви по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Филипините се зголеми на најмалку 16 лица, а…

June 8, 2026
СВЕТ

Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори

Рускиот претседател Владимир Путин се „плаши“ од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.…

January 29, 2025
СВЕТ

Во катастрофалните пожари изгорела и куќата на Хантер, синот на претседателот Џо Бајден

Домот на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден, бил уништен во катастрофалните пожари во Лос Анџелес, соопшти…

January 9, 2025
СВЕТ

ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?