Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шокантно тврдење на Ѓоковиќ: Во хотелот во Мелбурн ми даваа отровна храна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шокантно тврдење на Ѓоковиќ: Во хотелот во Мелбурн ми даваа отровна храна
СПОРТ

Шокантно тврдење на Ѓоковиќ: Во хотелот во Мелбурн ми даваа отровна храна

Објавено January 9, 2025 22:42
Сподели
Сподели

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година.

– Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми. Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеле со храна која ме отрула. Направив некои откритија кога се вратив во Србија. Никогаш никому не го кажав ова јавно, но открив дека во телото имам многу високи нивоа на тешки метали. Имав олово, многу високи нивоа на олово и жива, ги цитира „GQ“ зборовите на Ѓоковиќ.

Поранешниот прв свестки рекет додаде дека се чувствувал како да има грип. Но, по неколку дена од овој едноставен грип, толку му се слошило што морал да биде лекуван дома од екипа на брза помош. Ова се повторило неколку пати, а потоа морал да направи токсиколошки тестови.

Ѓоковиќ вели дека е трауматизиран од неговото депортирање од Австралија во 2022 година.

На почетокот на јануари 2022 година, тој пристигна во Мелбурн за да учествува на Австралија Опен. Меѓутоа, австралиските власти го приведоа поради проблеми со документите за медицинско ослободување од задолжителна вакцинација, му ја откажаа визата и го испратија во карантин. На 10 јануари, судот во Мелбурн ја усвои жалбата на спортистот и нареди негово ослободување и враќање на неговите документи. Но, подоцна министерот за имиграција Алекс Хок повторно му ја откажа визата на Србинот. Федералниот суд на Австралија отфрли уште една жалба против укинувањето на визата на Ѓоковиќ на 16 јануари и му нареди да ја напушти земјата. Следниот ден, 17 јануари, тенисерот се врати во Србија.

Триесет и седумгодишниот Србин е 10-кратен шампион на Австралија опен. Отвореното првенство на Австралија во 2025 година ќе се одржи од 12 до 26 јануари во спортскиот комплекс „Мелбурн Парк“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање
Следна Статија Полицијата трага по 26-годишна скопјанка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските кошаркари повторно загуби од Романија

Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66…

August 14, 2025
СПОРТ

Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД

Лука Дончиќ потврди дека ја прекинал врската со својата свршеница Анамарија Голтес и оти води правна битка за старателство над…

March 13, 2026
СПОРТ

Навивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!

Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, од која голем дел ќебидат во Скопје на мечот со Македонија, преку социјалните…

March 25, 2025
СПОРТ

Меси постави нов рекорд во МЛС (ВИДЕО)

Интер Мајами ја забележа својата петта победа во низа во МЛС откако славеше против Нешвил со 2-1. Благодарение на победата,…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?