Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван
СВЕТ

Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван

Објавено November 10, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и поплави, објави кралската канцеларија.

Кралот ќе ги надгледува операциите за спасување и чистење во Валенсија, соопшти неговиот кабинет.

На неговата прва посета на регионот минатата недела, кралот го пречека разгневена толпа која фрлаше кал и го навредуваше него и кралското семејство.

На 29 октомври, за неколку часа, во некои шпански градови наврна дожд колку што вобичаено паѓа во текот на една година.

Според последните податоци на шпанската Влада, од обилните дождови, лизгањето на земјиштето и поплавите загинале најмалку 220 лица. Властите пронајдоа 212 тела само во провинцијата Валенсија.

Осум смртни случаи се регистрирани во соседните региони Кастилја и Андалузија.

Околу 8,500 припадници на шпанската војска и 10,000 службеници од националните полициски сили се распоредени во приближно 80 погодени општини.

Многу згради сè уште се делумно или целосно недостапни бидејќи уништените автомобили и предметите за домаќинството ги блокираат влезовите.

Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија, барајќи оставка од регионалниот лидер и обвинувајќи го за лоша реакција за време на поплавите.

„Мазон поднеси оставка“, пишуваше на транспарентот со кој демонстрантите дојдоа пред зградата на владата на провинцијата Валенсија.

Тие извикуваа „убијци, убијци“ откако пред единаесет дена пороите ја поплавија југоисточната провинција на брегот на Средоземното Море, предизвикувајќи страдање на голем број луѓе.

Протестот го повикаа левичарските организации и синдикатите. Карлос Мазон, 50-годишен член на конзервативната Народна партија, е на чело на покраината од летото 2023 година.

Во Шпанија се води дебата за тоа дали петте милиони жители на овој регион биле навреме известени со мобилен телефон за доаѓањето на смртоносното невреме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Атланта го елиминира Интер Мајами на Меси во осминафиналето од плејофот на МЛС
Следна Статија На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена,…

November 9, 2024
СВЕТ

Во Германија викендот се очекуваат над 41 степен

Германија се соочува со врвот на топлотниот бран, а метеоролозите за денеска прогнозираат температури до 39 степени Целзиусови, додека за…

June 26, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Меланија прозборе на српски во Лос Анџелес

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, во петокот попладне отпатуваа за Јужна Калифорнија за да ги обиколат…

January 25, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп: Зеленски е голем човек, НАТО треба да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк по неговиот говор пред Генералното собрание на…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?