Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација
ЕКОНОМИЈА

Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација

Објавено October 4, 2024 20:02
Сподели
Сподели

Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на Трајче Рушев од MobiStove и е наменет за сите љубители на природата: планинари, кампери, шумски работници, крос кантри велосипедисти, оператори на екотуризам, организатори на музички фестивали на отворено,…

„Ова е првпат мојата иновација Mobi Stove да се презентира регионално. Се радувам што жирито ја препозна иновацијата и потенцијалот за комерцијализација и бизнис модел. Истовремено, ме радува и што сите присутни пројавија интерес за цена, нарачка и начин на достава. Mobi Stove e шпорет со иновативен систем и дизајн, наменет за безбедно, лесно и ефикасно готвење во природа, користејќи минимална енергија достапна во природата како отпадна биомаса (суви гранчиња, шишарки, пелети), а притоа, поради доброто и регулирано согорување, да не испушта загадувачки гасови“, рече Рушев.

Тој развива и модел што ќе биде наменет за земјите во развој каде, како што истакнува, 2,3 милијарди луѓе готват на отворен оган и на неефикасни шпорети кои испуштаат големи количини гасови.

„Регионалната победа е мотивација и можност овој патентиран производ што побргу да го има во продажба“, додава Рушев.

Доделувањето на наградите се одржа вчера, во Мозаик старт-ап студиото во Сараево. Покрај македонската иновација, награди добија и зелени идеи од Косово, Србија и Црна Гора.

На регионалниот натпревар земјава учествуваше и со идејата „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување” на Снежана Јаковска (Интелигент индор Фарм) и „BIOHIDE” на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.

„Зелени идеи“ постои 13 години и е пионерска програма за поставување критериуми и вредности за бизниси кои истовремено прават добро за животната средина, се важни за заедниците и имаат економска логика.

Во земјава, АРНО го организира натпреварот од 2015 година, вклучувајќи обуки, медиумски апели и програми за поддршка на сите што имаат идеја или зелен бизнис во почетна фаза од развојот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна

Првите резултати од владината подршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР прогнозира повисок раст на македонската економија, три проценти во 2025 и 2026

Во својот есенски извештај, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја ревидираше нагоре проекцијата за македонската економија. Банката предвидува…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?