Штајнмаер го распушти Бундестагот – Германија на избори на 23 февруари

- Advertisement -

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот и распиша предвременеи парламентарни избори во земјата на 23 февруари во 2025 година. При соопштување на одлуката нагласи оти е потребна функционална влада во тешки времиња.

Политичките партии во Германија веќе се договорија за изборно соочување на 23 февруари, но беше потребно и распуштање на Бундестагот, во рамки на член 68 од уставот на Германија.

Канцеларот Олаф Шолц минатиот понеделник побара изгласување на доверба во Бундестагот и загуби во гласањето по распадот на владеачката коалиција.

Потоа му предложи на Штајнмаер да го распушти Бундестагот и на тој начин да отвори врата за нови избори. Според уставот, претседателот тоа може да го стори во рок од 21 ден, но не е обврзан на такво нешто.

Сподели ја оваа статија