Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?
СВЕТ

Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?

Објавено January 1, 2025 22:38
Сподели
Сподели

Србинката Ана Волш исчезна на 1 јануари 2023 година во Америка. Откако ја прослави новогодишната ноќ со пријателите, Брајан Волш е осомничен дека ја убил Ана, мајката на нивните три сина, на 1 јануари. Телото на убиената Ана не е пронајдено.

Обвинителите тврдат дека Брајан ја претепал Ана до смрт, го распарчил нејзиното тело и го отстранил, а потоа се преправал дека е во Вашингтон на работа неколку дена додека нејзиниот вработен не пријавил дека исчезнала.

Судењето на нејзиниот сопруг Брајан Волш беше закажано за 20 октомври 2025 година.

Да потсетиме, Брајан Волш е обвинет за убиство со умисла, попречување на полициската истрага со измама и други дела поврзани со смртта на неговата сопруга Ана.

Тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Ана Волш последен пат била видена на 1 јануари 2023 година, по новогодишната вечера во нејзиниот дом во Масачусетс со нејзиниот сопруг и семеен пријател, соопштија обвинителите.

Нејзиниот сопруг Брајан изјавил дека била повикана во компанијата каде што работела во Вашингтон поради итна работа, но тој не контактирал со нејзиниот работодавец дури на 4 јануари, ниту пак го пријавил нејзиното исчезнување во полиција.

Полицијата беше известена за исчезнувањето на Ана Волш од компанијата во која таа работеше и рече дека не била повикана веднаш да дојде во Вашингтон, соопштија обвинителите.

Обвинителите рекоа дека од 1 јануари, Брајан Волш постојано пребарувал на Интернет за инструкции за „распарчување и најдобри начини за отстранување на телото“, прашал „колку време е потребно за телото да мириса“ и „кои се најдобрите алатки за распарчување“.

Обвинителите, исто така, рекоа дека Ана Волш имала полиса за животно осигурување од 2,7 милиони долари, наведувајќи го нејзиниот сопруг како единствен корисник.

Бранителите бараат мејлови и смс пораки од полицискиот детектив Мајкл Проктор бидејќи во претходниот случај постапил непрофесионално и пристрасно, а се сомневаат дека истото го направил и во овој, поради што наодите од истрагата може да бидат отфрлени.

Но, обвинителите рекоа дека некои од информациите што ги бараат бранителите се привилегирани или изземени од случајот

Пронајден крвав нож
Инспекторите пронашле крв, крвав нож и материјали при претрес на домот во Волш.

Во контејнер во близина на станбениот комплекс на мајката на Брајан, службениците пронајдоа кеси за отпадоци со партали, средства за чистење, чизмите во кои последен пат била видена Ана, нејзината чанта, дел од ѓерданот што го имала на себе, крпи и картичка за вакцинација.

Брајан Волш осуден
Брајан Волш оваа година беше осуден на повеќе од три години затвор за измама со продажба на две лажни слики на Енди Ворхол во 2015 година. Исто така, му било наложено да плати 475.000 долари како реституција на клиентот.


Се огласи пријателка на Ана Волш

На својот Инстаграм профил објави пријателот на Ана Волш.

„Среќна небесна Нова година на најдобриот пријател што би можел да го посакам. Ми недостигаш, те сакам и ти посакувам да танцуваш во рајот во наредната година“, напиша Абдула Алмарути со фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Abdulla Almutairi (@itookthatshot)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грк со автомобил излетал од автопатот кај Смоквица, повредена сопатничка
Следна Статија Штедна книшка и подароци од Арсовска за првороденото бебе во 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НЕ ПОМИНА новиот пакет санкции на ЕУ против Русија – Една членка го блокираше предлогот

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат консензус за 18-тиот пакет санкции против Русија поради…

July 15, 2025
СВЕТ

Геолог со објаснување: Еве зошто Гренланд е толку посебен

Темелот на модерните зелени технологии се 34 суровини. На Гренланд се наоѓаат дури 25 од нив. На прв поглед, Гренланд…

January 14, 2026
СВЕТ

Венс: Трамп се обидува да испрати многу јасна порака со стопирањето на помошта за Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека и тој и претседателот Доналд Трамп остануваат оптимисти за постигнување договор за минералите…

March 4, 2025
СВЕТ

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање. – Повторно ќе се…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?