Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија
ЕКОНОМИЈА

Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија

Објавено December 5, 2024 19:22
Сподели
Сподели

Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку и понатамошниот напредок на оваа индустрија, рече меѓу другото претседателката Гордана Сиљановска Давкова обраќајќи се на денешната свеченост од 100 -годишнината на оваа единствена научна установа од ваков вид во земјава

„Примената на современи агротехнички мерки служи како основа за зголемување на продуктивноста и квалитетот на тутунот. Истовремено, токму таа успешно одговара на прашањата за предизвиците во современото земјоделство. Со употребата на нови технологии и методи за работа, како и интегрирањето на најнови научни откритија, значително се подобрува производниот процес, правејќи ја оваа индустрија мошне поефикасна, поотпорна и одржлива. Институтот се посветува на постојано збогатување како на агротехничките, така и на научните стандарди, што води кон подобар квалитет на тутунот. Овие достигнувања се издвојуваат како плодносни, значително влијаејќи ѝ на македонската економија“, рече Сиљановска Давкова.

За директорката на Институтот за тутун, Валентина Пеливаноска, оваа научна институција од основањето до денес е водечки центар каде се негува научната мисла и сознанијата за тутунот и производството на квалитетен семенски материјал.

„Сметам дека само со квалитетна соработка, со стручна и меѓуинституционална комуникација и со трансфер на знаење, можеме да дадеме придонес кон одржлив развој, не само во секторот тутун, туку и во земјоделството воопшто“, рече Пеливаноска.

Почетоците на Институтот се поврзани со отворањето на првата опитна станица за тутун пред 100 години.

На свеченоста беа доделени плакети и признанија, меѓу другите и на претседателката Сиљановска Давкова и на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција
Следна Статија Етеми и Дудлоски го презедоа водството во „Македонија Турист“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Warner Bros наводно ќе го одбие понудата на Paramount од 108 милијарди долари

Се очекува Warner Bros да им препорача на своите акционери да гласаат против понудата веќе во среда.

December 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Добивка од околу милион евра: Синот на Заев растура во бизнисот со струја

Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме…

March 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија доби речиси 2,5 милиона евра од планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија

Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврди дека Северна Македонија преку министерството за економија и…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?