Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи

Објавено November 28, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија. Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.

-Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.

Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.

-Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото, рече претседателката.

Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.

-Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што истакна, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија, рече Кос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети
Следна Статија Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од 30. Конгрес на СДСМ: Ароганцијата ќе биде закопана длабоко во земја додека сум јас претседател

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари. -Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?