Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет
Blog

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет

Објавено February 6, 2025 22:19
Сподели
Сподели

 Пред 80 години одекна првиот час на современ македонски јазик во училниците на битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ како глас што се распламти, како идеја што се втисна, како светлина што го осветли патот на идните генерации. Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет, истакна претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова на свечена академија во Битола посветена на јубилејот од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик.

Силјановска Давкова посочи дека оваа гимназија е столб на знаењето, чувар и засолниште на јазикот што, како што рече, низ вековите бил жигосуван, но никогаш непокорен.

– Првиот училишен час во 1945 година за мене не е само почеток на настава на современ македонски јазик, туку симбол на новото раѓање, на преродбата на македонскиот народ, чекор кон неговата духовна еманципација. Тогаш во времињата на надеж, но и на неизвесност, кога сеуште се слушаше ехото на војната и нејзината сенка беше надвисната над татковината, оваа гимназија ја прифати својата историска мисија да биде светилник на македонскиот јазик, на македонската култура, на македонскиот национален идентитет. Така, по многу сцили и харибди, македонскиот јазик конечно и трајно во битолската гимназија доби своја куќа, свој дом, свој, покрив, истакна Силјановска Давкова.

Според претседателката, образованието е темел на прогресот на секоја држава и затоа порача, дека мора да се гради вистински однос кон образованието. Без знаење нема напредок, без јазик нема идентитет, рече Сиљановска-Давкова.

– Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија. Ѕвончето што на 6 февруари 1945 година го означи првиот училишен час на македонски јазик, продолжува да одекнува. Почестена што сум што токму на овој јубилеј ми ја доделувате плакетата за особен придонес во развојот на македонскиот јазик и затоа порачувам, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик оти така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија, истакна Силјановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КК Црвена Звезда има шанса за директен пласман во баражот, нова победа на гости
Следна Статија Филипче: Распуштањето на Судскиот совет е сериозно прашање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Lufthansa Traps Passengers On Plane All Night After Flight Cancels, Airport Closes – One Mile at a Time

Lufthansa stranded passengers on a plane overnight after a flight was canceled, and they couldn't transport people to the terminal.

February 23, 2026
Blog

Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во…

March 13, 2025
Blog

Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот

Златото привлекува се поголемо внимание кај светските медиуми, а во текот на изминатата година неговата цена се зголеми за речиси…

December 30, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Риби – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Сегашната енергија омиранува процес на внатрешна трансформација и отвора патека кон нови почетоци, нудејќи целосна…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?