Претседателката Гордана Сиљановска Давкова испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата.
Таа на социјалната мрежа X, поранешен „Твитер“, им порача на луѓето да останат силни.
„Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Мислам на погодените семејствата и се надевам на сила и брзо закрепнување за целата заедница. Останете силни“, напиша Сиљановска Давкова.