Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик

Објавено January 7, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак сум се водела од партиски совети, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со ветото што го стави на Законот за заштита на децата.

Во изјава за медиумите дадена денеска по литургијата во Соборниот храм во Скопје, Сиљановска-Давкова рече е должна да ги почитува Уставот и законите.

Објаснив дека не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и уште еднаш да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување. Не сум јас пристрасната, туку партиите кои посегаат по квалификации. Јас само тргнав од еден ноторен уставен и правен факт дека најпрво во самиот закон има одредба во која се вели дека меѓу остантото начинот на полагањето и начинот на издавањето на лиценците се уредува со акти на министерот. Во членовите 9 и 10 има одредби што мислам дека треба парламентарниот состав да ги преобмисли, изјави Сиљљановска-Давкова.

Она на што укажува, како што појасни, е и тоа што во предложеното законско решение, формулацијата најмалку 20 проценти, не е како што е во Уставот и законите.

Ако пратениците одлучат да го задржат ова решение, јас ќе морам да го потпишам законот, но не мислам дека ова е намерно, претпоставувам дека дошло до превид, изјави Сиљановска-Давкова.

За нејзината постапка, како што рече, ја информирала Владата и надлежните министри.

По непотпишувањето на указот од страна на претседателката, од Владата информираа дека законот ќе се доработи и ќе се достави во Собранието во закониските ркови.

Денеска и премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите го потврди ова.

Како што сум информирам станува збор за членовите 9 и 10 и тие така што се формулирани се спротивни на Уставот и на Законот за јазиците така што мислам дека е рутина и формалност. Ќе бидат корегирани и ќе бидат согласно Уставот и Законот за јазици и очекувам дека успешно ќе бидат усвоени. Мислам дека малку несмасно е тоа направено. Тоа е една формулација којашто ќе се надмине. Инаку се знае дека службен јазик на целата територија на државата е македонскиот јазик, но сите оние кои ќе побараат и на албански да биде формуларот за полагање, тоа сега ќе биде прецизно формулирано согласно Уставот и законите и ќе биде овозможено, изјави Мицкоски пред Соборниот храм во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење
Следна Статија Дранго ќе биде разрешен ако се потврдат тврдењата за убиството на мечката, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата – сега е сè јасно

На денешниот брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, посочи дека Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер на…

December 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски објави видео: Ги поставивме темелите, доаѓа времето на Македонија!

Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше…

June 25, 2025
ПОЛИТИКА

Ветераните на ОНА му го вртат грбот на ДУИ? Хазби Лика и Гзим Острени на средба со челниците на Вреди

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?