Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ

Објавено January 21, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и водечки експерт за национална безбедност и надворешна политика и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.

Тие ја запознаа со иницијативата „Три мориња“, во која членуваат 13 земји, членки на ЕУ лоцирани меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, а од 2023-та година и Грција.

Во фокусот на иницијативата се развојот на енергетската, транспортната и дигиталната инфраструктура на членките и зајакнувањето на оската север-југ во Источна Европа.

Претседатeлката Сиљановска-Давкова смета дека приклучувањето на Западниот Балкан кон оваа иницијатива може да го продлабочи нејзиниот успех заради географската и политичка поврзаност на земјите од оската север-југ во Источна Европа.

Според неа, посетата на двајцата американски претставници доаѓа во вистинско време заради компатибилноста меѓу целите и програмите на иницијативата со Европскиот план за раст и Реформската агенда за развој.

Имајќи предвид дека најголемиот дел членки на иницијативата истовремено се членки на НАТО и ЕУ, претседателката истакна дека нашето приклучување кон иницијативата „Три мориња” ќе отвори можност за интензивирање на меѓусебната соработка и забрзување на евроинтеграциските процеси.

Соговорниците изразија решеност за продлабочување на соработката со Фондацијата Херитиџ, како и со Меѓународниот републикански институт – ИРИ преку отворање на канцеларија во нашата држава. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога
Следна Статија Народната банка и ЕБОР заеднички работат на олеснување на пристапот до финансии за жените претприемачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Алиу на годишнината од Кочани – 400 медицинари го дадоа максимумот

Министерот за здравство Азир Алиу денеска зборуваше пред меѓународна конференција во Скопје посветена на институционалните лекции од кочанскиот пожар. Пред…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива

Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кавадарци доби регионален стационар за згрижување бездомни миленици

Центар за згрижување бездомни миленици денеска официјално беше отворен во населбата Глишиќ во Кавадарци. Во него треба да се собираат…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?