Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала

Објавено January 1, 2025 16:37
Сподели
Сподели

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала, таа е најголемиот гарант за нашиот мир, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова која на првиот ден од новата година ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“-Штип.

Претседателката Силјановска Давкова при посетата и разговорот со припадниците на Армијата рече дека видела импресивна воена опрема и се работи за држење чекор со најсовремените трендови.

-Тоа е логично кога зборуваме за НАТО Армија, се разбира моето последно прашање беше колку чини сето тоа. Секогаш јас мислам дека оние два проценти се голема сума, секогаш размислувам за тие два проценти во други сфери и посакувам да нема потреба да се користи ова оружје. Тоа го посакувам и заради овие зад мене и заради пред мене и заради началникот посакувам свет во којшто или 2025 година во која мирот ќе биде главната опција, а нема да размислуваме за вооружување. Се разбира јас ги разбирам потребите, меѓутоа исто така прашав дали се ова донации или пак одвојуваме од буџетот. Она што е најважно не е всушност оружјето, туку повторно мислам луѓето зад мене и луѓето пред мене, изјави Силјановска-Давкова.

Посочи дека припадниците кои се дел од Вториот пешадиски баталјон извонредно ја имаат поминато евалуацијата во 2022 година.

– Знам дека оваа година е најважната пред новата евалуација во 2026 година. Но, од редовните контакти со началникот, со генералите јасно ми е дека подготовките се постојани, дека тие се во кондиција, дека тие се во тек со современите доктрини на војување, но дозволете ми како некој кој не сонувал дека ќе биде сведок на презентирање на вакво современо оружје, да кажам дека јас од секогаш сум била за мирот, секогаш сум давала предност на мирот и мислам дека е многу почовечки и многу поумно секогаш превентивно да се постапува, а кога ќе дојде до војна, тоа е веќе пораз на оние кои не смееле да доведат до тоа, рече Силјановска-Давкова.

Шефицата на државата додаде дека 2025-та е година кога ќе се слави 80 години од ООН, а како што рече Обединетите нации настанаа како еден базично, мировен концепт и тогаш сите се колнеа дека никогаш повеќе нема да дозволиме војна.

-Но, се соочуваме со војна и Европската унија настана како мировен концепт и нејзините основачи Шуман, Аденауер, Де Гаспери, Моне тогаш велеа дека таквата организација ќе обезбеди траен мир, она што денеска мене ме загрижува е што војуваат европски држави Украина и Русија. Значи се надевам дека 2025 година ќе биде година во којашто местото каде што треба да решаваат проблемите Њујорк, ООН навистина ќе биде искористено, изјави Силјановска- Давкова.

Претседателката Силјановска- Давкова денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваа на презентација на подготвеноста на припадниците на Вториот пешадиски баталјон, имаа брифинг, како и празничен војнички ручек

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Залудно се надевате, власта во Србија ќе остане непроменета
Следна Статија Путин нареди зајакнување на соработката со Кина во развојот на вештачката интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија. Според…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?