Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Објавено November 30, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

– Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани.

Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“.

Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец.

Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Во Звечан бомби беа фрлени врз полициската станица и во дворот на општината. По овие два напади, косовската полиција вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки на ниво на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
Следна Статија Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Падна цената на Зелениот картон во Албанија

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја поздрави новата одлука на Албанското биро за осигурување која им овозможува на…

February 2, 2025
БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
БАЛКАН

Кина ја вооружи Србија со ракети со дострел до 250 км, Загреб го алармира НАТО

Србија стана првата европска земја со кинески суперсонични ракети CM-400, потврди претседателот Александар Вучиќ на 14 март, откако аматерски фотографии…

March 14, 2026
БАЛКАН

Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани

Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?