Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Син на милионер и славна манекенка е осуден на доживотен затвор- си го убил најдобриот пријател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Син на милионер и славна манекенка е осуден на доживотен затвор- си го убил најдобриот пријател
СВЕТ

Син на милионер и славна манекенка е осуден на доживотен затвор- си го убил најдобриот пријател

Објавено January 24, 2025 22:32
Сподели
Сподели

Дилан Томас (24), наследникот на едно од најбогатите семејства во Велс, кој го уби својот најдобар пријател на Божиќ 2023 година, денеска е осуден на доживотен затвор.

Томас, кој е син на манекенка која своевремено се појави на насловната страница на познатиот Вог, е осуден за брутално убиство на Вилијам Буш. Тој го нападнал вооружен со два ножа и го прободел во грбот, при што едното сечило го погодило директно во задниот дел од главата. Потоа го бркал и му нанел уште десетици рани додека не паднал на земја, објави Би-Би-Си.

Томас се изјасни за виновен за убиство од небрежност со намалена одговорност. Тој е прогласен за виновен за убиство од 12-члената порота во ноември минатата година, а денеска беше осуден на доживотен затвор, што значи дека мора да помине минимум 19 години во затвор.

Вилијам Буш бил избоден 37 пати, од кои 21 во вратот. Обвинетиот, кој наводно боледувал од шизофренија, по нападот тврдел дека дејствувал во самоодбрана.

Томас е внук на Стенли Томас, основач на Питерс Пиес, компанија со седиште во Јужен Велс. Богатството на семејството се проценува на повеќе од 230 милиони фунти.

Вилијам Буш, чиј татко е професор по англиски јазик, бил талентиран спортист. Имал страст за рагби и продолжил да игра голф. Тој исто така бил популарен, нешто за разлика од неговиот потивок и поинтровертен пријател.

“Вил имаше многу пријатели. Беше грижлив, понекогаш можеби и премногу грижлив. Лојален, крајно лојален. Тие одеа скоро секаде заедно. Знам дека одеа на скијање заедно… Мислам дека на Вил му беше жал и сакаше да биде со него. Вил доаѓаше дома на ручек во недела или да игра голф, затоа што Дилан беше сам“, рече Алекс Буш, братот на жртвата.

Девојката на Вилијам, Ела Џефрис, изјавила на полицијата дека Буш бил загрижен за однесувањето на неговиот пријател во месеците пред убиството. Таа есен, додека живееле заедно, Томас му рекол нешто многу чудно: „Размислував и се прашував дали да те убијам“.

Таа ноќ, Вилијам Буш спиел со забарикадирана врата од неговата спална соба, а Томас не пробал ништо. Томас бил уапсен на 6 ноември откако се качил на ограда висока неколку метри пред Бакингемската палата. Инцидентот го „загрижи“ Буш, изјави неговата девојка. Иако сакал да се исели од дома, не сакал да го остави пријателот.

“Тој сакаше да се грижи за него. Дилан беше негов пријател и сакаше да се увери дека е добро”, рече таа.

Минатиот Божиќ двајцата млади момчиња решиле да го прослават празникот одделно. Томас го поминал празникот со својата баба по мајка, Шерон Бартон, во нејзиниот дом во долината Гламорган. Вознемирен и неспособен да спие, во раните утрински часови барал анатомија на вратот и нашол медицинска илустрација на главните крвни садови.

На Бадник ја замолил баба му да го одвезе дома за да може да го шета своето куче.

Томас пристигнал во куќата на Вилијам околу 11.16 часот и влегол во куќата вооружен со кујнски нож и отишол во спалната соба на Буш каде што го нападнал. Во едно полициско интервју, бабата на Томас опишала како нејзиниот внук потоа излегол од домот, удирајќи по шофершајбната и велејќи: „Полуде“.

“Скокнав, а Дилан беше облеан во крв и практично падна на подот. Истрчав во куќата. Го видов Вил на подот и веднаш почнав со CPR и не застанав додека не пристигнаа луѓето од брзата помош”, рекла бабата.

Подоцна додаде дека на Вилијам му немало спас и дека никогаш не би очекувала вакво нешто од Дилан. Кога пристигнала полицијата, Томас им рекол дека дејствувал во самоодбрана, велејќи дека Буш „го изгубил умот“ и го избодел откако пушел канабис.

Д-р Панчу Ксавиер, форензички психијатар кој го лекувал Томас во Ашворт, рече дека неговото семејство забележало промени во неговото однесување, но не сфатило дека тоа се знаци на психоза.

Ова вклучувало дискусии за телепортација, вештерки и илуминати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин е подготвен да разговара со Трамп, чека сигнали од Вашингтон
Следна Статија Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шефот на Нетфликс ја поддржа Камала Харис, корисниците масовно се откажуваат од претплатата

Бројот на корисници кои ги откажаа своите претплати на Нетфликс значително се зголеми откако шефот на Нетфликс ја изрази својата…

October 3, 2024
СВЕТ

Австрија на сириските бегалци им нуди по 1.000 евра за да се вратат дома

Конзервативната влада на Австрија во петокот објави дека им нуди на сириските бегалци „повратен бонус“ од 1.000 евра за да…

December 13, 2024
СВЕТ

Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на…

January 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ на протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,…

March 24, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?