Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: Со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: Со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци
ХРОНИКА

Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: Со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци

Објавено December 3, 2024 09:54
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ на ул. “Методија Шаторов – Шарло”, предизвикувајќи на тој начин значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери.

Една недела претходно осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка” и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот веднаш со сопственото возило, преку граничниот премин “Блаце” ја напуштил државата, информираат надлежните.

„Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница“, се истакнува во соопштениетот на обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе туристи, но и зголемување на криминалот: и Неапол воведува наплата на билети во градот
Следна Статија Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

На скопските клиники почина затвореник

На 02.11.2025 во 20:41 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во Комплексот…

November 3, 2025
ХРОНИКА

Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден. Скопјанка пријавила…

April 18, 2025
ХРОНИКА

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод…

November 26, 2024
ХРОНИКА

Жена во Карпош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала

На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?