Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение
ЕКОНОМИЈА

Славески: Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение

Објавено December 21, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата “Трилинг”, каде што говореше за пензискиот систем во Македонија. Тој го критикуваше предлогот на Фискалниот совет за нагло зголемување на старосната граница за пензионирање, оценувајќи го како краткорочна и непрофесионална мерка.

„Предлогот на фискалниот совет беше невнимантелен, ниту една земја досега не постигнала нагло зголемување на старосна граница. Има земји кои што се во тек, ќе се донесе некоја мерка, но тоа трае со години, по три месеци секоја година, некаде по шест. Не може вие на вработени кои што очекуваат да се пензионираат наредната година да им кажете дека ќе мора да рбаотите уште три години“, изјави Славески.

Славески ја нагласи важноста од разгледување на корените на проблемите што го оптоваруваат пензискиот систем. Според него, задолжителниот пензиски фонд во Македонија се соочува со сериозен дефицит кој не може да се реши само со краткорочни мерки како зголемување на старосната граница.

„Сега останува на Владата да бара други решенија, секако е голем товар дефицитот во пензискиот фонд кој што се финансира од буетот, но малку е чудно зошто нема кај нас дебата околу генезата на тој дефицит. Јас сум повозрасен и ги помнам уште првите денови дискусии кои што во 2000та година од притисокот што го изврши Светска банка, односно да го воведеме Вториот пензиски фонд. Таму бепше поредвидено дека за десетина години ќе има т.н транзициски дефицити. Не може така ако одземете 1/3 од придонесот на државниот пензиски фонд на ПИОМ и ги префрлите во приватни пензиски фондови нормално дека ке дојде до дефицит“, истакна Славески.

Славески додаде дека, иако се очекуваше транзициски дефицит тој продолжува да расте и денес, дури три децении по започнувањето на реформата. Според некои истражувања, овој дефицит може да трае и до 50 години, или пак никогаш да не се реши.

,,Според некои истражувања тој транзициски дефицит кој што кај нас се провлекува веќе 3та деценија може да трае дури и половина век. Главната причина е тоа што му се одземаат средства. Вториот пензиски фонд се формираше на тој начин што 1/3 од средствата, во државниот пензиски фонд отидоа во приватните пензиски друштва“, заклучи Славески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србите ги претекнаа Русите по бројот на јахти во Црна Гора
Следна Статија Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на производите се следат, ако има потреба Владата ќе интервенира

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?