Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со унгарските пари не мора да се вложува само во производство, може да се градат и трговски центри и фотоцентрали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Со унгарските пари не мора да се вложува само во производство, може да се градат и трговски центри и фотоцентрали
ЕКОНОМИЈА

Со унгарските пари не мора да се вложува само во производство, може да се градат и трговски центри и фотоцентрали

Објавено January 24, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на општината Илинден,одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека со новите услови, компаниите-баратели на средства од унгарскиот кредит од 250 милиони евра, нема да мора да инвестираат во производни капацитети.

Тој потврди дека со кредитната линија за која ќе се аплицира преку деловните банки ќе може операторите да градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на електрична енергија.

– Тоа е затоа што правиме анализа, 250 милиони евра е побарувањето на економските оператори да земат заем. Кога ќе ги ограничите можностите, ќе ги ограничите економските оператори и така може да се земат само 120 милиони евра и останатите да останат неискористени. Од тие причини сакаме да го прошириме се она што ќе има позитивен импакт на БДП-то во економијата. Сега е се дефинирано, завршено е, договорот е готов. Во вторник на владина седница тоа ќе помине и се надевам дека до крајот на месецот ќе се потпише со банките. Ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат, речеМицкоски.

Делот од унгарскиот кредит од 250 милиони евра ќе се враќа со камата од 3,25 отсто, која ќе ја плаќаат граѓаните, додека компаниите кои ќе аплицираат за заемите ќе плаќаат само банкарска провизија од 1,95 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50 милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
Следна Статија Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Трговците можеа и сами да ги намалат цените (ВИДЕО)

Последните владини мерки за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цените на основните прехранбени…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор…

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во пишана изјава за медиумите ја поздравува одлуката и, како што…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Прогноза на ММФ за 2025 и 2026: Македонија со раст од 3,2%

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека и годинава и наредната 2026-та година, Македонија ќе ги заврши со раст на БДП…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?