Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сократис Фамелос е избран за нов лидер на СИРИЗА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Сократис Фамелос е избран за нов лидер на СИРИЗА
БАЛКАН

Сократис Фамелос е избран за нов лидер на СИРИЗА

Објавено November 25, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст
Следна Статија Осомничениот Манев ги водел полицајците до закопаното тело на убиениот Панче Жежовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Укинат притворот на Додик

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот…

July 5, 2025
БАЛКАН

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат…

May 19, 2025
БАЛКАН

Коста Кецмановиќ ќе говори на судењето на неговите родители

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот…

March 25, 2026
БАЛКАН

Албанската „Фламинго револуција“: Урнати оградите околу одморалиштето на Џаред Кушнер

Околу 200 демонстранти денес ги урнаа металните огради и бариерите од бодликава жица околу градилиштето на јадранскиот брег на Албанија,…

June 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?